Автор: K.

На манифестацијата „Од нива до трпеза“ што се одржува денеска во Скопје премиерот Христијан Мицкоски испрати порака за поддршка на македонското земјоделство, истакнувајќи дека Владата е посветена на неговиот развој и поддршка на производителите. – Македонија има потенцијал и тоа не е фраза, тоа е факт. Имаме сонце, имаме вода, имаме плодна почва. Но пред се имаме луѓе. Луѓе кои не се плашат од рани зори, од кал на рацете, од работа до доцна навечер. Тие се вистинските херои на нашето време. Тие се столбот на економијата, на традицијата и на иднината, рече премиерот Мицкоски. Тој потенцираше дека земјоделството е…

Прочитај Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со професори од Универзитетот Хамболт од Калифорнија, предводени од професорот Ник Ангелов, Македонец по потекло и професорот Љубен Тевдовски, од Универзитетот „Гоце Делчев“, раководител на македонско-американскиот тим којшто врши археолошки истражувања на македонска почва. На средбата присуствуваа и деканката на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, проф. д-р Емилија Петрова-Ѓоргиева и проф. д-р Верица Јосимовска, шеф на Катедрата за историја и археологија. Како што соопшти денеска претседателскиот Кабинет, професорите ја информирале претседателката за интензивната соработка на двата универзитета на полето на археологијата и ја запознаа со вредните ископувања во реоните на Битола, Демир Капија и Охрид.…

Прочитај Повеќе

Приведените полициски службеници се лицата за кои СДСМ ги објави сите факти и аргументи во серијалот „Вистината за Кочани“. Без притисокот од СДСМ, јавноста и дел од медиумите немаше да се постапи воопшто. Се потврди дека СДСМ ја зборува вистината за трагедијата во Кочани од првиот ден. Со месеци Тошковски и Јанев ги штитеа и ја лажеа јавноста дека нема никаква вина кај полициските службеници кои се директно одговорни за пожарот во кој изгореа 62 деца а над 200 беа повредени. За тоа време се остави огромен простор истрагата да биде компромитирана, можно е да биле уништени важни докази.СДСМ прашува:…

Прочитај Повеќе

Демократската унија за интеграција со најголема загриженост ја следи одлуката на Јавното обвинителство да покрене обвинение против поранешните министри за економија, Крешник Бектеши и Валон Сарачини, во врска со случајот до дискотеката Пулс во Кочани, велат од партијата. -Оваа селективна правда и јасно политички мотивирана акција претставува уште еден доказ дека обвинителството не само што ја изгубило својата независност, туку станало инструмент за политички прогон и изборен инженеринг. Целта е јасна: директно влијание врз локалните избори и замолчување на критичките медиуми преку таргетирање на истакнати и гласни личности од албанската заедница, соопштуваат од ДУИ.

Прочитај Повеќе

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик, информираат во Обвинителството. На 10 јуни двајцата соизвршители одзеле пари од човек кој забележале дека разменува девизи. Го следеле и кога наближил кон неговата семејна куќа го удриле со тупаница по главата. Кога оштетениот паднал онесвестен му одзеле 172.000 денари и 37.460 српски динари, па веднаш избегале. По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка определи мерка притвор во траење од 30 дена за двајцата…

Прочитај Повеќе

Во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) на 17 јуни во 20 часот се отвора третото издание на групната изложба „Професори и студенти“ во организација на МКЦ и со поддршка на Град Скопје. На изложбата, која претходно стана култен белег на современата уметничка сцена, учествуваат: Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа, Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет – Скопје, Факултетот за уметност и дизајн при Интернационалниот Балкански универзитет – Скопје, Универзитетот Мајка Тереза, Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот во Тетово. Изложбата „Професори – студенти“, која…

Прочитај Повеќе

Со посета на спомен обележјето и споменикот на планината Лопушник беше одбележана 82-годишнината од смртта на големиот поет и револуционер Коста Солев Рацин. Околу стотина почитувачи на животот и делото на Рацин, министерот за култура Зоран Љутков, делегација на општина Велес, учесниците на ултра маратонот исто така од Велес, претставници на АРМ, како и голем број граѓани од Кичево, беа присутни на ова одбележување. -Речиси стотина граѓани денес го посетија спомен обележјето каде пред 82 години загина големиот поет Рацин, како и споменикот подигнат во негова чест на Лопушник. Пред спомен обележјето се поклонија делегација на родниот град на Рацин,…

Прочитај Повеќе

Научниците веруваат дека конечно имаат цврсти докази дека пронашле брод што потонал со највредниот товар, богатство што исчезнало во длабочините на морето. Најновите снимки направени на дното на Карипско Море претставуваат најубедлив доказ досега дека е откриен шпанскиот брод „Сан Хозе“ што потонал пред повеќе од три века. Бродот носел огромен товар богатство чија вредност се проценува на околу 20 милијарди долари. Воениот брод бил потопен од Британската морнарица за време на конфликт во 1708 година во близината на брегот на денешна Колумбија. „Сан Хозе“ превезувал злато, сребро, смарагди, бисери и други вредни предмети наменети за шпанската кралска ризница. Шпанската…

Прочитај Повеќе

На традиционалната меѓународна книжевна манифестација „Празник на липите“, отворена денеска напладне во Друштвото на писателите на Македонија, беа врачени наградите „Книжевен жезол“ на Славе Ѓорѓо Димоски и на Радмила Лазиќ. По повод доделувањето на наградата, пригодна беседа за поезијата на Димоски одржа поетот Зоран Јакимоски, додека за поезијата на Радмила Лазиќ беседеше академик Катица Ќулавкова. Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Живко Грозданоски, му ја врачи наградата „Книжевен жезол“ на поетот Славе Ѓорѓо Димоски. На поетесата Радмила Лазиќ наградата ѝ беше врачена од страна на претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, ревносен поддржувач на културните настани, која исто така беше…

Прочитај Повеќе

„Д ФЕСТИВАЛ“, најголемиот летен „open-air“ музички фестивал во Македонија оваа година одбележува јубилејно 15 издание кое ќе се одржува од 4 до 6 јули во Штип и со бројни новости во својот програмски концепт. Повеќе од 30 музички изведувачи ќе настапат на „Д ФЕСТИВАЛ 2025“. АРХАНГЕЛ, КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ кој ќе настапи заедно со TK WONDER и ROOTSMAN I, МИЗАР, ФОЛТИН, ЉУБОЈНА, ПИЈАН СЛАВЕЈ, ПАРКЕТИ, THE SISTERS OF MERCY, SOULFLY, INNER CIRCLE и многу други. Единствениот мултимедијален настан каде што музиката, уметноста и заедништвото се спојуваат во едно уникатно доживување, оваа година добива поголема хуманитарна мисија која фестивалот ја реализира во…

Прочитај Повеќе