В.д градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, денеска им се приклучи на родителите на деветтиот Марш за ангелите во Кочани. Маршот за ангелите се организира секоја сабота во Кочани, а родителите, семејствата на загинатите и граѓаните бараат правда за 62 загубени млади животи во трагедијата во Кочани на 16 март 2025 година.
Автор: K.
Судската пресуда во која претседателот на сега веќе бившиот културен клуб „Ванчо Михајлов“, Љупчо Георгиевски е осуден на една година условен затвор, за ВМРО-Народна партија претставува враќање на вербалниот деликт со кој масовно се казнуваа граѓаните во комунистичка Југославија. Според партијата, тоа претставува недемократски чин со кој се застрашуваат граѓаните на Македонија да размислуваат и зборуваат по нивното слободно уверување и убедување. Народна тврди дека тоа е и удар врз македонската историја преку обид за судење на „историската улога на Ванчо Михајлов за што не се дрзнала ни комунистичка Југославија“. -Оваа судска одлука ја демонстрира и хипокризијата на македонскиот правосуден…
Следната недела, од понеделник до четврток, од 16 до 18 јуни 2025 година, тим од седум члена од Гетеборг, Шведска, ќе го посети Кочани за меѓусебни дискусии со локалната заедница. Како чин на солидарност по трагедијата во Кочани, шведскиот тим ќе го сподели своето искуство од пред 27 години – пожар во дискотека што се случи во 1998 година во Гетеборг, кога загинаа 63 млади лица. Гетеборг ќе им ги пренесе на Кочани своите научени лекции со цел заедно да се создадат модели на солидарност, отпорност и споделена надеж. Тимот од седум члена од Гетеборг го сочинуваат: социјалните работници Елеонор…
Двајца македонски државјани, кои со мотоцикл се движеле по автопатот „Патот на Арбр“ во Албанија, се здобиле со тешки телесни повреди откако со мотоциклот удриле во заштитен ѕид на коловозот. Според албанската полиција, несреќата се случила на делницата Маќелари – Булќиза, кај месноста „Мостот Череница“, кога мотоциклот со скопски регистарски таблички, при непрописно претекнување изгубил контрола и се удрил во заштитниот ѕид. Тие прво биле однесени во болницата во Булќиза каде што им била укажана прва помош, а потоа биле пренесени во Клиниката за трауматологија во Тирана за поспецијализиран третман.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека будно се следи состојбата со цените и најави дека Владата ќе реагира доколку се утврдат непринципиелни однесувања кај трговците, посочувајќи дека мерки ќе бидат донесени доколку е потребно. -Состојбата со цените апсолутно ја следам одблиску, реков дека нема да толерирам трикови, внимателно следиме што се случува во маркетите и се разбира, доколку има одредени непринципиелни однесувања што јас ги нарекувам трикови, ќе делуваме. Инаку, имаме во план да носиме мерки со кои јавноста ќе биде запознаена благовремено, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за време на манифестацијата „Од нива до трпеза“ во општина Аеродром. Тој…
Нови сознанија до кои дојде партијата Левица укажуваат на уходана шема на партиски клиентелизам и злоупотреба на средства во рударските компании во Пробиштип и Крива Паланка. Според нив, секој месец од платите на рударите се одземаат, односно рударите се казнуваат за 10%, а тие средства завршуваат во приватни фирми под контрола на функционери блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Во центарот на шемата, според Левица, се наоѓа Марјан Панов – Лиса, претседател на т.н. „Патриотски институт” и близок соработник на актуелниот кандидат за градоначалник на Пробиштип, Томе Тодоровски – Тозо. Панов е сопственик на приватната агенција за обезбедување „Security Fox”, која обезбедува два…
Недим Бајрами, играчот од средниот ред на албанската репрезентација, добил мурал со неговиот лик во Тетово. Муралот се на ѕидот на спортската сала во средното училиште „Ѓоце Стојчевски“ во Тетово. Таткото на Бајрами по потекло е од Тетово, а мајка му е од Гостивар. Овој гест, како што велат од општина Тетово, доаѓа како почит кон неговиот историски настап на ЕУРО 2024, каде што Бајрами го постигна најбрзиот гол во историјата на европските првенства, против Италија по само 23 секунди. Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, во емотивна објава порача: -Недим Бајрами, синот на Тетово и гордост на Албанците, денес го…
Новиот Оперативниот план за вработување за 2025 година денес беше презентиран на јавна дебата во Тетово, а можностите пред жителите на овој регион ги претставија Бесар Дурмиши, министер за економија и труд и Сељатин Бељуљи, директор на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. Овој план, кој се спроведува преку Агенцијата за вработување, претставува клучна алатка на Владата за зголемување на вработеноста и поттикнување на претприемништвото. По објавување на Оперативниот план на 9 јуни, директорот информира дека има голем интерес. -Одзивот на невработените лица е многу висок и изнесува некаде 3 100 лица кои што аплицирале и се заинтересирале да…
Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ денеска на граничните премини „Богородица“ и „Меџитлија“ во соработка со волонтери од Црвениот крст на РСМ спроведоа превентивна акција за безбедното патување во летни услови. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи полициските службеници им укажувале на патниците при влез во земјава за потребата од внимателно и одговорно возење и со оглед на високите дневни температури пожелно одмарање во насока на избегнување на влијанието на температурите како ризик од можни сообраќајни несреќи. Заедно со волонтерите од Црвениот крст покрај совети на патниците им делеле вода како и едукативни повеќејазични летоци…
Владата будно ја следи безбедносната состојба на Блискиот Исток, активиран е кризен штаб во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со случувањата помеѓу Иран и Израел. -Има кризен штаб во МНРиНТ, се следи будно состојбата преку извештаите кои што ги добиваме преку службени канали, така што не би коментирал повеќе од ова што го кажав, изјави премиерот по отворањето на манифестацијата „Од нива до трпеза“ што се одржува денеска во Скопје. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток вчера апелираше до сите…