Автор: K.

Општина Центар ќе помогне со финансиски средства на Општина Кочани, ова вчера беше договорено во Кочани на средбата помеѓу градоначалникот на Центар Горан Герасимовски и в.д градоначалникот на Кочани Венко Крстевски, информираат од Општината. -На вчерашната средба договоривме да му помогнеме на Кочани со финансиски средства што ќе искористат онаму кадешто е најпотребно. Кога е најтешко мора да си подадеме рака, да бидеме обединети и заеднички да се грижиме за граѓаните. Во овие тешки моменти мораме да им покажеме на кочанчани дека не се сами. Нѐ имаат нас – граѓаните и институциите. Оваа помош не завршува тука, градоначалникот Крстевски ја…

Прочитај Повеќе

Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Северна Македонија. Станува збор за државјани на Северна Македонија, како и членови на нивните потесни семејства, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Оттаму додаваат дека во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата. -Напоменуваме дека дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив е во постојана комуникација со нашите државјани, а Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно работи на обезбедување на сите неопходни услови за нивно безбедно враќање,…

Прочитај Повеќе

Новиот министер за здравство Азир Алиу, кој е доктор по информатички науки, рече дека негова задача е да менаџира со здравствениот систем за да нема листи на чекање, а не да оперира. На денешната прва прес-конференција по стапување на функцијата најави отчетност во работењето и дигитализација на здравството за да се реши проблемот со листите на чекање за операции и терапии. -Јас сум доктор по информатички науки, не сум лекар, но позицијата што ја имам е менаџерска. Јас нема да оперирам срце, туку ќе креирам системи кои ќе бидат оптимални, отчетни и навремени. Ќе креирам системи за да може кардиологот…

Прочитај Повеќе

Левица била и ќе остане гласот на обесправените, на работниот народ, на оние кои секојдневно се борат за достоинствен живот во оваа земја. Ние веруваме во огромниот потенцијал на нашата држава – потенцијал кој не е во рацете на елитите, туку кај чесните, способни и одлучни граѓани. Доаѓа време кога градоначалничките функции мора да ги заземат луѓе со визија, со интегритет и принципи – луѓе кои не се плашат да се спротивстават на системот, туку се одлучни да го менуваат во корист на народот. Оттука, согласно Одлука на Президиумот на Левица – објавуваме јавен повик за пријавување на кандидати за…

Прочитај Повеќе

Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните (СОС) телефонски броеви. Воедно, како што стои во соопштението на Министерството, се апелира до сите државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба. За помош и асистенција, граѓаните можат да се обратат на следните контакти: Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив -…

Прочитај Повеќе

Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот кој го остави СДС после 7 години катастрофално менаџирање, лоши економски политики и отсуство на мерки и проекти. После 7 години откако СДС ја уништи економијата и го срози стандардот на граѓаните, од голем минус стопанството и трговијата во индустријата се стабилизираа. Индикаторите за првиот месец од вториот квартал се високи, што покажува дека состојбата е стабилизирана во рамките на нула. Имаме раст на трговијата во индустријата од 6%, раст на преработувачката индустрија од 6,6%. Раст на прометот со трговијата во индустријата на меѓународниот пазар, каде имаме многу повеќе раст од домашниот. Прометот…

Прочитај Повеќе

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“, времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово –…

Прочитај Повеќе

Денеска пред Министерството за внатрешни работи во 12 часот ќе се одржи протест поради одложеното рочиште за убиството на кучето Феникс. Протестот го организира граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ заедно со активистички здруженија и групи за заштита на животните од држава. -На 15 јуни во 12 часот ве повикуваме на мирен, но гласен и масовен протестен марш што ќе започне пред Министерството за внатрешни работи! Кога едно убиство — најтежок облик на кривично дело — останува неказнето, тоа е тешка повреда на правниот и на моралниот поредок во целото општество. Кога убиец останува на слобода се губи доверба во институциите…

Прочитај Повеќе

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена. Во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и топло. Од средината на следната седмица ќе има зголемена облачност со услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во…

Прочитај Повеќе

Израелската војска преку објава на социјалните мрежи на фарси јазик издаде итно предупредување до граѓаните на Иран да се повлечат од близина на воени постројки и објекти поврзани со производство на оружје. -Итно предупредување до сите ирански граѓани: Сите лица што моментално се наоѓаат или планираат да бидат во близина на фабрики за производство на оружје и нивните поддржувачки институции, нека ги напуштат овие области веднаш и да не се враќаат додека не добијат поинакви насоки, се вели во пораката на официјалниот профил на израелската армија на фарси јазик.

Прочитај Повеќе