Автор: K.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје, претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 34 степени. Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од средината на седмицата ќе има зголемена облачност и услови за локална појава на попладневна нестабилност со пороен дожд…

Прочитај Повеќе

Краткотраен, но силен земјотрес утрово во 04:35 часот е почувствуван во Охрид и регионот. Според првичните информации земјотресот бил со магнитуда од 3,8 степени на длабочина од 10 километри, со епицентар на 9 километри североисточно од Охрид. Покрај во Охрид, земјотресот го почувствуваа и жителите на околните населени места, како и во пограничните места во соседна Албанија.

Прочитај Повеќе

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека детектирале серија балистички ракети лансирани од Иран кон Израел, поради што низ целиот Израел се огласија сирени за предупредување. На Израелците во речиси целата земја им е кажано да се повлечат во засолништата за бомби, објавува „Тајмс оф Израел“. Се очекува израелската воздушна одбрана да дејствува во следните неколку минути, а на цивилите во централен Израел им е наредено да останат во засолништата до понатамошно известување. Иранска ракета го погоди аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, објавува „Фарс“. Експлозии од системот за воздушна одбрана се слушнаа во Тел Авив и централен Израел откако…

Прочитај Повеќе

Вистински инцидент се случил вчера (14.06.2025) околу 19:50 часот во скопската општина Аеродром, кога 45-годишниот В.Д. од Тетово бил приведен од страна на полициски службеници од СВР Скопје поради агресивно однесување кон нив за време на вршење на службени дејствија. Но, драмата не завршила тука – по приведувањето, во полициската станица В.Д. физички нападнал еден од полицајците, потврдува МВР. Случајот е во фаза на целосно документирање, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок против лицето, велат од полицијата. Инцидентот предизвика силни реакции на социјалните мрежи, каде граѓаните бараат построги санкции за насилство врз службени лица.

Прочитај Повеќе

Поради зголемен обем на барања, шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) за издавање на „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), ќе работи од 08.00 до 18.00 часот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Целта, како што појаснуваат од МВР, е да се одговори на сите барања на граѓаните.

Прочитај Повеќе

Доналд Трамп ставил вето на израелски план да се убие иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хаменеи, изјавија двајца американски функционери за „Ројтерс“. -Дали Иранците имаат убиено Американец досега? Не. Дотогаш, нема ни да збориме за елиминацијата на иранското политичко раководство, рекол еден извор. Тој кажал дека високи американски функционери биле во постојат контакт со израелските власти во деновите пред да почне нападот врз Иран. Израелците притоа ги известиле дека имаат шанса да го убијат иранскиот врховен водач, но Трамп го отфрлил планот. Од почетокот на конфликтот Израел уби 20-ина високи заповедници на иранската војска, вклучувајќи го началникот на генералштабот на…

Прочитај Повеќе

Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски се обидуваа да прикажат дека нема одговорност кај актуелната власт, под силен притисок од СДСМ и јавноста, ОЈО ГОКК се одважи да покрене постапки против актуелните началници од МВР. Намерата на ВМРО-ДПМНЕ беше јасна – да се амнестираат од одговорност сите, со цел таа да не стигне до директорот на БЈБ Александар Јанев и до Тошковски. Сега, откако е јасно дека директната одговорност е во МВР и кај актуелната власт, оставки и кривична одговорност за врвот на МВР мора да има. Александар Јанев, по закон и хиерархија е кривично одговорен, а Тошковски ја…

Прочитај Повеќе

Прашање: Коментар на барањата на СДСМ за кривична и политичка одговорност на Тошковски, Јанев, Мицкоски. Одговор: СДС нека се обрати најпрвин до Филипче, Заев, Ковачевски, Зечевиќ, Маричиќ, Спасовски, Ахмети и дружината за секое злодело што е направено во државава изминативе 7 години, а за некои и подолго. Истовремено, додека тие посочуваа кабел за виновник за модуларната болница, тука има правда втемелена на наоди на обвинителство и полиција кои работеа, работат и слободно без притисоци. Работат без штитење на функционери како што впрочем Заев на времето го штитеше Филипче, Анѓушев, Артан, Бујар, Блерим, Мерко, Муса, разни внуци, пуцковци, грчевци, барони, арачиновци…

Прочитај Повеќе

Во пресрет на претстојниот самит на НАТО, каде што се очекува да се донесе историска одлука секоја земја-членка да го зголеми буџетот за одбрана од сегашните 2 отсто на 5 отсто од БДП, како пратеничка од Либерално-демократската партија денеска упатувам јавен повик до претседателот на Собранието за одржување на затворена седница на македонскиот парламент следната недела, со една единствена точка на дневен ред: Национална позиција за Самитот на НАТО и иднината на македонската одбранбена политика, вели во својата изјава за медиумите претседателката на ЛДП и пратеничка во македонското собрание, Моника Зајкова. Оваа седница мора да се одржи зад затворени врати,…

Прочитај Повеќе

Под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“, на 21 јуни во Скопје ќе се одржи шестата Парада на гордоста, со фокус на заедништвото, отпорот и борбата за човекови права. Организаторите најавија дека годинашниот настан ќе биде протест, а не прослава, поради зголемениот говор на омраза, институционалното молчење и назадувањето на правата на ЛГБТИ+ заедницата. Настанот ќе започне во 18 часот во Паркот „Жена борец“, а маршот ќе тргне во 19 часот од Собранието, со застанувања пред Министерството за образование и наука и Владата. -Овој слоган не е случаен – тој го носи нашето искуство на преживување, но и нашата одлучност, не само…

Прочитај Повеќе