Автор: K.

Како резултат на заложбите на Владата и МОН за унапредување на квалитетот на средното стручно образование, обезбедени се 50 милиони денари за 1.570 стипендии за новите ученици во дуално образование од септември, соопшти Владата на Република Македонија. Во учебната 2025/2026 година учениците кои ќе се запишат во дуалните паралелки и ќе ги исполнат конкурсните услови, 9 месеци ќе добиваат по 3.500 денари. -Реалниот сектор има потреба од стручни, квалификувани лица и за таа цел, како Влада преку овие мерки и чекори ги стимулираме младите своето образование да го продолжат во некоја од дуалните паралелки. Дополнително, потврда за тоа дека со…

Прочитај Повеќе

На 15.06.2025 во 18.20 и 20.20 часот во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово ги лишиле од слобода В.Ц.(30) од Куманово и Е.С.(32) од Скопје. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген венто”, кое го управувал В.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1.69 промили алкохол во крвта. Додека, при контрола на патниот сообраќај и возилото „бмв”, кое го управувал Е.С., било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1.84 промили…

Прочитај Повеќе

На 15.06.2025 во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(56) од Скопје. Претходно, на ул.„Владимир Комаров“, тој со патничко возило „субару“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Љ.Р.(47) од Скопје. При преземање мерки во врска со сообраќајната незгода било констатирано дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.57 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член…

Прочитај Повеќе

На 15.06.2025 околу 21 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, патничко возило „рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(51) од с.Галичани, прилепско, удрило во М.Б.(49) од Прилеп, кој туркал велосипед. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Б., констатирани во Општа болница Прилеп, каде што подоцна им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Прочитај Повеќе

Горивата се берзански производ на кој не можеме да имаме апсолутно никакво влијание, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Владата, како што напомена, ќе ја следи ситуацијата, а засега цените не се премногу високи. -Ќе следиме што се случува. Сме имале години кога сме имале многу високи цени, сега немаме премногу висока цена на горивата, но да видиме што ќе се случува. На берзанските производи Владата не може да има влијание зашто станува збор за цени кои се формираат на светските берзи, нагласи министерката, одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на Договорот за финансирање на заедничките активности што…

Прочитај Повеќе

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оствари средба со Рашид Бин Саид Ал-Хајарин, новиот в.д. амбасадор на Државата Катар, соопштија од Кабинетот на собранискиот спикер. Гаши, како што се наведува во соопштението, му посакал добредојде на новоназначениот в.д. амбасадор на Катар во нашата држава и му посакал успешна и плодна работа. Тој искажал големо задоволство од средбата и истакнал дека очекува пријателството и соработката што постојат меѓу двете земји во иднина уште повеќе да се зајакнуваат и унапредуваат. -Гаши потенцираше дека како претседател на Собранието, особено ја цени значајната улога на парламентарната дипломатија, како суштински елемент во градењето мостови меѓу…

Прочитај Повеќе

Усвојувањето на законите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија се клучни за наредните чекори во напредокот на Македонија кон декарбонизација и предизвиците што ги носи овој процес, посочи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. -Ние сме во последните чекори од донесување на Законот за енергетска ефикасност и Законот за обновливи извори. Што значи дека кога ќе ги донесеме овие два закони, до септември очекувам, ќе имаме јасен план и што понатаму. Меѓутоа, подзаконските акти темелно се работат, ќе треба од 9 до 12-15 месеци да се изработат сите, бидејќи тоа е за целиот енергетски сектор.…

Прочитај Повеќе

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски денеска изјави дека се работи на засилување на динамиката на средби со официјална Софија и оти сме подготвени за изнаоѓање на рационални решенија во рамките на европските вредности, но наше и да ставиме јасна црвена линија дека по однос на одредени прашања поврзани со идентитетските атрибути. -Наше е да нудиме решенија, но наше и да ставиме една јасна црвена линија дека по однос на одредени прашања македонските граѓани и нашата Влада не се подготвени да преговараат и разговараат. По однос на редефинирање на нашиот идентитет, по однос на прашања од историската природа кои можеме…

Прочитај Повеќе

Според најновите податоци на Евростат, Македонија е претпоследна во Европа по висина на минималната плата, позади е само Албанија. Истовремено, Македонија има најнизок стандард на куповна моќ, односно со помалку од 750 стандард на куповна моќ (скм) сме под Литванија со 878 скм, што е најнизок во Европа. Ова се последиците од политиките на ВМРО-ДПМНЕ која упорно одбива да ги прифати мерките за покачување на платите што СДСМ континуирано ги предлага. Додека сите европски држави ги зголемуваат платите и се борат да им помогнат на граѓаните со високите трошоци за живот, ВМРО-ДПМНЕ ги блокира сите закони за унапредување на животниот…

Прочитај Повеќе