Автор: K.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.Н.(66) од Ранковце поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба”. На 27.05.2025 во с.Опила, општина Ранковце, пријавениот влегол во семејната куќа на С.Ј. и Л.Ј. и одзел пари, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Прочитај Повеќе

Горди сме на професионалноста на нашите елитни единици, кои рамо до рамо со партнерите од Армијата на САД разменуваат искуства и знаења, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, кој присуствуваше на воените и антитерористички вежби на специјалната единица САЕ – Тигар. Како што пренесуваат од Министерството за внатрешни работи, Јанев нагласил дека оваа обука е потврда за високото ниво на доверба и партнерство меѓу македонските и американските безбедносни сили. -Ова е уште една потврда за нивото на доверба и соработка што го имаме со нашите стратешки сојузници, истакнал директорот Јанев, потенцирајќи дека оваа заедничка обука всушност е…

Прочитај Повеќе

Министерот за здравство Азир Алиу денеска во Тетово разговараше си директорот на Клиничката болница околу потребите на установата, како и за проблемот со околу 140-те лица кои се со договор на дело и кои преку протести бараа вработување на неопределено време. -Се информирав од директорот за предизвиците кои ги има, за да може што побрзо да решаваме проблеми, што се акутни, а знаете дека здравствениот систем е голем има такви акутни проблеми и ние ќе треба чекор по чекор да најдеме решенија. Исто така имавме средба со вработените тука работиме на решавање на тој проблем, чинам дека за кратко време…

Прочитај Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Мучунски, попладнево оствари телефонски разговор со високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Во разговорот, високата претставничка Калас ја потврди континуираната поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија, соопшти МНРиНТ. Министерот Мучунски ја реафирмираше посветеноста на нашата земја на европските вредности – владеење на правото, дијалог и добрососедска соработка – како темели на процесот на пристапување кон Европската унија. Стана збор и за регионалното поврзување, при што Муцунски ја подвлече поддршката за Коридор 8 како стратешки приоритет за инфраструктурна интеграција на регионот. Муцунски и Калас…

Прочитај Повеќе

Владата на денешната седница ја усвои Стратегијата за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2025–2028, заедно со Акцискиот план, соопшти вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи. Овој документ, како што наведува, ја одразува непоколебливата посветеност на Владата за борба против организираниот криминал и корупцијата, преку зајакнување на надлежните институции со структуриран и систематски пристап, кој има за цел зголемување на ефикасноста при конфискацијата на незаконски стекнат имот. -Борбата против корупцијата и организираниот криминал останува главен приоритет на Владата. Поради тоа, обезбедувањето услови и зајакнувањето на институционалните капацитети за финансиски истраги и…

Прочитај Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одржа средба со студентите кои успешно ја поминаа селекцијата и започнаа со практична работа во општинската администрација. „Добредојдовте во Општина Центар. Ова не е само формалност, туку вистинска можност да бидете дел од реалните институционални процеси и да стекнете практично знаење. Стара вистина е дека еден грам искуство вреди повеќе од тон теорија , затоа искористете ја шансата, вклучете се и активно градете ја вашата кариера и иднина“, им порача Герасимовски на младите практиканти. На првиот јавен повик примени се вкупно четворица практиканти – двајца во одделението за ИТ, еден во финансии и еден…

Прочитај Повеќе

-Градоначалниот на општина Гази Баба Бобан Стефковски направи увид на градежните активности за изградба на нов спортски терен на најсовремена тартан подлога кој се гради во Ченто кај старата полициска станица. Како што информираат од општината со ова започна реализацијата на новиот проект за изградба на осум спортски терени на тартан подлога во населените места низ општина Гази Баба. -Во мојата изборна програма со која ја добив довербата од граѓаните во 2021 година стоеше ветувањето: “Подобрување на спортската инфраструктура во населените места и подобрување на условите за спортување на младите”, денес со гордост можам да кажам дека и ова ветување…

Прочитај Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека тоа што го зборуваат претставници на Бугарија ќе имаат можност да го докажат на 24 јуни со повлекување на амандманите во Европскиот парламент, и да ја прифатат иницијативата за средба во рамки на состанокот на НАТО во Хаг кон крајот на месецов. -Пристигнуваат многу различни пораки од официјална Софија. Нашите стари рекле „помалку слушај што зборуваат повеќе гледај што работат“. Има таква можност да го покажат ова што го зборуваат. На 24 јуни на Комисијата за надворешни работи при ЕП АФЕТ се наоѓа извештајот во којшто очекувам бугарските членови на ЕП да ги повлечат…

Прочитај Повеќе

Почитувани, Во последните неколку дена се појавија видеа за присуство на лисици во подножјето на Водно, во населбата Козле (мајка со малечки), како и на други места низ Скопје. Апелираме до граѓаните да не креваат паника – овие животни не се опасни и не напаѓаат луѓе. Лисиците, како и многу други диви животни, сè почесто се приближуваат до урбаните средини поради загуба на природните живеалишта, уништување на шумите, градежна експанзија и недостиг на храна. Ова не е закана, туку јасен сигнал дека и тие бараат начин да опстанат. Лисиците се плашливи, интелигентни и претежно ноќни животни кои се плашат од…

Прочитај Повеќе

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтер синоќа по полноќ го погоди охридскиот регион. Потресот е регистриран во 00 часот и 48 минути, а потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга. Според досегашните податоци со кои располага сеизмолошката опсерваторија, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Прочитај Повеќе