Во својот говор на 35-иот роденден на ВМРО-ДПМНЕ премиерот Христијан Мицкоски упати порака до сите државни и локални функционери во која укажува дека нема да толерира од моќта да им се заврти во главата. Несовесното седење во фотелјата носи срам и разочарување, вели премиерот Мицкоски во говорот на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ од што може да се заклучи дека тој има намера сите тие што ќе бидат несовесни да ги санкционира. -И немојте никогаш да заборавите од каде потекнуваме, од каде доаѓаме и конечно, каде ќе се вратиме по сето ова. Најскапата работа што еден човек може да ја остави на…
Автор: K.
Без електрична енергија денска од 08:10 до 14:30 часот, ќе останат корисниците од населба Јака и село Марино, дел од корисниците од селата Белимбегово и Кадино, објектите на Гранд Експорт, Текспорт, Мак Инвест и Хавеп, трафостаниците на Мак Инвест 381720, Бела Земја 1, 2, 3, 5, 6, 7, 8, 9 и 10, како и приватните трафостаници Гранд Експорт 89743, Хавеп 389919 и Текспорт 389993 во општина Илинден. Струја во периодот од 10:00 до 12:00 часот, ќе немаат и од корисниците од улиците Симеон Кавраков, Петар Ацев и Анастас Митрев во општина Аеродром, соопшти ЦУК
Доналд Трамп размислува за приклучување на САД кон израелските воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки, објави Си-Би-Ес, повикувајќи се на добро упатени извори. За ова се разговарало на вчерашниот состанок на Советот за национална безбедност во Белата куќа, но не постоела целосна согласност меѓу најблиските советници на Трамп. Една од можните мети би била нуклеарната постројка Фордо, подземен комплекс за збогатување ураниум, за кој се верува дека е клучен за иранската нуклеарна програма, кажа функционер на американското министерство за одбрана. Фордо е сместен речиси 100 метри под земја во планина и се верува дека само САД располагаат со капацитети за…
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во повисоките делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени. До петок времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови…
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и предложи определување мерка притвор за едно лице осомничено за кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а и шест кривични дела – Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека на 13 јуни 23-годишниот велешанец извршил физичко насилство врз девојче родено 2016 година, така што најпрво почнал да ја навредува, а потоа со метален предмет ја удрил по главата. Кога детето паднало на земја тој започнал да ја влече по улицата. Кога родителите на…
Што е ново во Скопје? Дознавате секој ден во урбаните вести „Ритамот на Скопје“ на Прва скопска ТВ од 16:45, 19:55, 22:00 и 01:00 часот.
Вечерва инцидент се случи во Чаир, дознава 4NEWS.mk Според првичните неофицијални информации едно лице е нападнато со нож. На лице место има многу специјални единици од полицијата, како и возила на брза помош кои штотуку две се упатија кон Клиничкиот центар. Според последните информации две лица со тешки повреди се хоспитализирани.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во семејниот дом на 8 јуни, во алкохолизирана состојба, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ја повредил неговата мајка. Најпрво почнал да ја навредува, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници по лицето и телото и да ја гризе. Од зададените удари оштетената се здобила со телесни повреди. Имајќи ја предвид пред се опасноста од бегство и ризикот дека осомничениот ќе го повтори…
На 16.06.2025 во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.З.(32) од Скопје. На ул.„Христо Татарчев”, тој со патничко возило „фолксваген пасат” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во патничко возило „фиат стило” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(33) од с.Сопиште, скопско. Во несреќата со телесни повреди се здобила 24-годишната Ј.П. од Скопје, сопатничка во возилото „фиат стило”, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. При преземање мерки во врска со сообраќајната незгода било констатирано дека Д.З. го управувал возилото под дејство на…
Вчера во СВР Скопје, 37-годишната Ф.И. од Скопје пријавила дека околу 19.50 часот во парк на подрачјето на Кисела Вода, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно машко лице, кое, исто така, било во паркот со неговото дете. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.