Кривична пријава за 26-годишен кумановец кој на 20.05.2025 во село Беровци, прилепско, не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, и со возилото „бмв” со бугарски национални ознаки, кое го управувал, се обидел да ги удри полициските службеници. СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Т.(26) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 20.05.2025 во село Беровци, прилепско, полициски пријавниот не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, и со возилото „бмв” со бугарски национални ознаки, кое го управувал, се обидел да ги…
Автор: K.
Вчера во 13.50 часот во СВР Скопје, М.П.(36) од Скопје пријавила дека околу 12.35 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице со употреба на физичка сила ѝ ја одзело чантата во која имала пари. Исто така, вчера во 14.55 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје било пријавено дека кај нив со повреди и за укажување помош се јавила С.Х.(79) од Скопје. Според пријавеното, на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице со употреба на сила и ја одзело чантата. Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Р.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик. Пријавениот, полициски службеник во Регионалниот центар за гранични работи Исток, во два наврати во декември 2024 година и во пет наврати во април 2025 година, постапил спротивно на законските прописи и на седум…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека извршило тешка кражба. Како што информира Обвинителството, се работи за 23-годишник кој на 02.01.2024 година насилно влегол во куќа на улицата „Востаничка“ во Скопје, а вкупната вредност на предметите што ги одзел е проценета на 296 000 денари. -Со помош на пластична маса се качил на балконот од првиот кат на куќата и насилно го отворил прозорецот. Потоа пребарувал низ собите и одзел накит, шест рачни часовници, два лаптоп компјутера, други вредни предмети и парични средства во износ од 1 000 евра. Потоа, преку споредна врата ја…
Делегација на Собранието, предводена од пратеничката Благица Ласовска а во чиј состав е и пратеникот Садик Сулејмани, учествува на 65. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК). Целта на Генералното собрание е унапредување на регионалната соработка, особено во домените на транспортната инфраструктура, дигитализацијата, енергетската стабилност и инклузивноста. Генералното собрание се одржува на 17 и 18 јуни во главниот град на Азербејџан, Баку, а како специјален гостин, учестуваше и претседателот на Собранието Африм Гаши, кој е и во официјална билатерална посета на Азербејџан. Седницата се одржа во Пленарната сала на Мили Меџлисот на Република Азербејџан. Во…
Данската министерка за европски прашања, Мари Бјере, денеска ја повика Македонија да ја искористи ретката шанса за проширување на Европската унија. Оваа порака доаѓа непосредно пред Копенхаген да преземе претседателство со Унијата, со најава дека во тој период проширувањето ќе биде еден од главните приоритети. Според Бјере, геополитичките предизвици и руската агресија се причина за зголемен фокус на ова прашање, но таа нагласи дека на Македонија ѝ претстојат конкретни чекори кои мора да се исполнат на патот кон Унијата. -Како идно претседателство не можеме сами да ги направиме овие промени. Потребна е заедничка и конструктивна работа, затоа сум тука –…
Обвинението против Александар Ѓорчевски е во целост неосновано, неаргументирано, паушално и засновано на претпоставки кои не наоѓаат своја поткрепа во доказите на обвинителството. Одбраната докажа дека токму неосновано обвинетиот Александар како татко на детето Вања е жртва и оштетен во оваа постапка заедно со мајката Зорица и неговото семејство и докажа дека тој во критичниот период постапил на начин на кој би постапил секој родител во ситуација кога се трага и бара неговото исчезнато дете, порача во завршен збор бранителот на таткото на Вања, адвокатот Владимир Туфегчиќ, и побара Судот да го ослободи од обвинение. Според одбраната, клучната теза и…
На 17.06.2025 во 14.25 часот на патот Тетово-Гостивар, во близина на клучка Жеровјане, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Д.Д.(56) од Тетово. При сообраќајната контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека Д.Д. управувал патничко возило „мерцедес” со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 156 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобзирно управување на моторно возило”.
Три месеци по трагедијата во клубот „Пулс“сѐ уште има угостителски објекти во Кочани кои работат спротивно на законските прописи и стандарди загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните, а нивните сопственици не преземаат мерки тоа да се промени и спречи, поради што поднесувам кривична пријава до Основното јавно обвинителство за узурпација на јавна површина и бесправна градба, истакна на в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски на денешната прес-конференција пред Обвинителството. -Со жалење можам да констатирам дека на угостителите кои работат нерегуларно и незаконски поважен им е личниот профит, отколку безбедноста и здравјето на граѓаните. Загрозени се жителите во тие згради, но и…
На 17.06.2025 во 23.41 часот во Штип и во 19.54 часот во Берово, полициски службеници од СВР Штип и од ОВР Берово ги лишиле од слобода Х.П.(32) од Штип и В.П.(39) од Пехчево. Околу 23.00 на ул.„Маршал Тито“ во Штип, Х.П. со патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „рено“ со штипски регистарски ознаки, паркирано од В.Н.(63) од Штип. При преземање мерки во врска со незгодата, полициските службеници констатирале дека Х.П. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,16 промили алкохол во крвта. Во 19.54 часот, при сообраќајна…