Без електрична енергија денеска во периодот од 08.00 до 16.00 часот, ќе останат дел од корисниците од улиците Коле Неделковски, Наум Наумовски Борче и Антоние Грубишиќ во општина Центар, соопшти ЦУК. Од 08.15 до 13.00 часот, струја ќе немаат корисниците од село Крушопек како и спортско рекреативниот центар Сарај, од 08.30 до 14.30 часот корисниците од селата Света Петка, Говрлево, Долно Соње, Горно Соње, Соње Коштан, Виничиште и Чифлик во општина Сопиште, а од 10.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улиците Фуштанска, Јужно Моравска Бригада и Жегљане во општина Гази Баба.
Автор: K.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информираат од УХМР, во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да продолжи со својата линија во врска со Иран, јави ДПА. Како одговор на новинарско прашање за тоа што му кажал на Нетанјаху, Трамп рече: Јас реков: продолжете. Американскиот лидер објасни дека разговара со Нетанјаху секој ден. -Тој е добар човек, рече Трамп за Нетанјаху. Како одговор на прашањето дали му кажал на Нетанјаху дека има намера да му помогне на Израел повеќе отколку што му помогнал досега, Трамп одговори со „Не“.
Македонската младинска машка репрезентација со пораз стартуваше на Светското првенство до 21 година. На првиот меч избраниците на Раде Стојановиќ беа поразени од Фарски Острови со 28-33 (15-16). За жал македонската ракометна репрезентација не можеше да го следи мечот, бидејќи ИХФ имаше ставено погрешен линк, а потоа вистинскиот стрим беше ужасен. Фарски Острови победата ја обезбедија на стартот на второто полувреме. Одбраната немаше решение за Оли Мутин, кој постигна 15 гола од 17 обиди. Кај нас Димитар Узунчев имаше 6 погодоци. Во првото полувреме нашата репрезентација беше во водство, имаше и два гола разлика. Во 18 минута противникот поведе со…
Битолската полиција поднесе кривична пријава против двајца прилепчани поради постоење основи на сомнение дека со возило дошле до Казнено – поправната установа Затвор Прилеп и преку ѕидот, внатре во затворот, фрлиле кокаин. -СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Д.(21) и С.Р.(23), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекузори“. Пријавените со возило дошле до Казнено – поправната установа Затвор Прилеп и преку ѕидот, внатре во затворот, фрлиле кокаин, кој бил пронајден и одземен, се наведува во полицискиот билтен.
Што е ново во Скопје? Дознавате секој ден во урбаните вести „Ритамот на Скопје“ на Прва скопска ТВ од 16:45, 19:55, 22:00 и 01:00 часот.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати пред членовите на градската организација на партијата во Скопје и ги критикуваше локалните и централните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче рече дека она што се случува во Скопје е најеклатантен пример на неспособноста, негрижата и корупцијата на власта. Филипче рече дека пропаста на Скопје е директна последица на пропаднатите зделки меѓу Мицкоски и Арсовска, на блокадите од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на политичката калкулација на Владата која, и покрај тоа што има механизми, свесно го остава градот да се распаѓа. -Скопјани не смеат да заборават дека Скопје тоне четири години заради пропаднатите бизнис зделки…
Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево преку социјалните мрежи соопшти дека во Општата болница во Кочани со ПРП терапија (плазма збогатена со тромбоцити) се третирани 10 лица повредени во пожарот во Кочани. Ова, како што наведува Клековски, е голем чекор напред затоа што ПРП терапијата ќе може да ја примаат пациентите без да патуваат до Скопје. – Во Општата болница во Кочани, 10 лица повредени во трагедијата беа третирани со ПРП терапија (плазма збогатена со тромбоцити). Интервенциите ги изведе тим од болницата „Св. Наум Охридски“ од Скопје. Претходно, девет лица беа третирани од Клиниката за пластична хирургија…
Дефинитивно за одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ или поддршка со реципроцитет на едните или другите кандидати, на едната или другата политичка партија, посочи вечерва претседателот на Движењето ЗНАМ и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој ќе се кандидира за уште еден градоначалнички мандат. Во гостување на централниот дневник на телевизија Сител, Димитриевски истакна дека на претстојните локални избори кои треба да се случат наесен, ЗНАМ ќе трча со свои кандидати за градоначалници, додека ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција со свои кандидати, но, вели, дефинитивно за одредени општини ќе има предизборна соработка. – ЗНАМ трча со свои кандидати,…
Скопје попладнево е зафатено од пороен дожд, ветер и грмотевици. Засега нема информации за причинета материјална штета. Синоптичарите за денеска попладне најавија нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со изолирана појава на град. Од УХМР упатија препорака во случај на појава на електрични празнења, поголема внимателност и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, според прогнозата на УХМР, ќе се задржи до петок.