Нотарската комора на Република Северна Македонија (НКРСМ) денеска апелираше до надлежните институции да се изврши ревизија на нотарската тарифа и да се овозможи фер вреднување на трудот на нотарите, предупредувајќи дека тековните надоместоци не ги покриваат реалните трошоци за извршување на нивната работа. На средба со новинарите, претседателот на НКРСМ, Методија Ристоски, изјави дека повеќе од 27 години нотарските награди остануваат непроменети или се намалуваат, и покрај континуираниот пораст на трошоците за живот. Како пример, тој ја посочи наградата за заверка на потпис, извод, превод или препис, која и натаму изнесува 100 денари – износ што не ја одразува реалната…
Автор: K.
Физички инцидент ја одбележа денешната 65-та седница на Советот на општина Кочани, откако вербалната расправија меѓу советникот Аки Акиов од Партијата за Демократски Просперитет на Ромите и координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Стојков, ескалираше во физичка пресметка. На видеото од пренос во живо се гледа дека по расправијата со Стојков, Акиов обидувајќи се да удри со шише кон друг советник истото завршува во главата на правничка од општината. В.Д. градоначалникот на Кочани Венко Крстевски вели дека поради случката не се изгласала точка за меѓуопштинска соработка, според Крстевски денешниот инцидент бил поради прогресот кој го има Кочани во последните…
Дали Венко Крстевски и СДС се нарачатели на насилството во Советот? Дали најголемите поддржувачи на Аки Акиов-го користат за СО НАСИЛСТВО ДА ЈА ВОДАТ ОПШТИНАТА! Заслепени од привремената власт, в.д. градоначалникот Венко Крстевски и СДСМ – изгледа дека и се режисери на агресијата и поделбите во Кочани. „Казна“ за негласање соработка со осуденик и лице на црната листа на САД, стигнува преку советник насилник кому токму тие му даваат безрезервна поддршка. Дополнително СДС шири говор на омраза и дезинформации по социјални мрежи. Сето тоа за да задржат привремена фотелја. На сметка на мирот, достоинството и демократијата во Кочани. Кочани не…
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува насилството што се случи на седницата на Советот на општина Кочани. Ги осудуваме и провидните сценарија на ВМРО-ДПМНЕ, кои со провокации и намерно поттикнување тензии се обидуваат да создадат конфликти и нестабилност во Кочани. Учесници во инцидентот се советник на ВМРО-ДПМНЕ и советник од Ромската партија, а повредена е вработена во општинската администрација – што дополнително ја отсликува сериозноста на овој инцидент. СДСМ целосно се оградува од постапките на советникот што го предизвика денешиот инцидент, потенцираме дека не станува збор за наш член туку коалициски партнер. Факт е дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ постојано…
Фондот за ПИОМ, посочи Кочоска, добива приливи по однос на придонесите кои што ги остварува буџетот и тие, иако поминуваат преку Буџет, директно се трансферираат во ПИОМ. -Првата половина на годината имаше послаба реализација од она што ни е проектирано до крајот на годината, затоа што ние проектиравме, а проекцијата ќе се оствари бидејќи ние немавме усогласување со минимална плата и понатаму растат платите и сега веќе се чувствува од месец во месец, како имаме поголема наплата на придонесите, така што, 2,5 милијарди се испланирани, но тоа е само резултат на тие ликвидносни недостатоци, што го има ПИОМ во насока…
На 18.06.2025 во 10.00 часот на патот Прилеп-Крушево, кај место викано „Стопанство“, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода С.А.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола и преземени мерки, полициските службеници констатирале дека С.А. управувал товарно возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки со брзина од 121 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час. Лицето било приведено во полициска сртаница и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик -„Безобѕирно управување со моторно возило“.
Судот во Солун вчера одобрил екстрадиција на 34-годишен државјанин на Северна Македонија во Германија, каде што се бара за учество во грабеж и убиство на 81-годишен маж, објави „Катимерини“. Тој бил уапсен во мај на граничната премин Евзони, при рутинска проверка која покажала дека против него е издадена европска потерница. Кривичните дела, според документите на германското обвинителство, се извршени во февруари во мал град во сојузната покраина Хесен. Осомничениот наводно патувал во Германија на службена должност со сограѓани и престојувал во соби изнајмени од жртвата. Сторителите, според германските органи за спроведување на законот, го врзале и му ја затвориле устата…
Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека Иран досега не побарал воена помош од Русија во тековните тензии со Израел. На прес-конференција во Санкт Петербург, тој нагласи дека стратешкото партнерство меѓу двете земји не содржи одбранбени клаузули и дека иранската страна не се обратиле со такво барање. Путин посочи и дека руските експерти продолжуваат со својата работа во првата нуклеарна електрана во иранскиот град Бушер, и покрај актуелната криза. На новинарско прашање како Русија би реагирала во случај Израел да го нападне иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи, Путин избегна да даде директен коментар, напоменувајќи дека не би сакал ни да…
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 50 турнирот во француски Ројан. Македонскиот тенисер попладнево во дуелот од второто коло загуби од петтиот носител Димитар Кузманов од Бугарија со 2-1 во сетови (4-6, 6-3, 6-3) по два часа и 25 минути игра. Ивановски за настапот во второто коло на Челинџерот во Ројан ќе освои четири поени, а следната недела го очекува на настап на ИТФ турнирот во Загреб. Елиминација доживеа и македонската тенисерка Магдалена Стоилковска, која во првото коло на фјучерсот во Куршимлијска Бања, загуби од четвртата носителка Лидија Енчева од Бугарија со 2-0 во сетови (6-1,…
Американскиот претседател Доналд Трамп одобрил планови за напад врз Иран, но чека да види дали Иран ќе се откаже од својата нуклеарна програма пред да даде каква било наредба за напад, објави „Волстрит џурнал“. Трамп вчера ги информирал своите високи помошници дека ги одобрил плановите, се вели во извештајот на весникот кој цитира „луѓе запознати со разговорите“. Добро бранетиот објект за збогатување ураниум Фордоу на Иран е можна американска цел; тој е закопан под планина и генерално се смета од воените експерти за надвор од дофат на сите освен најмоќните бомби, наведува медиуот. На прашањето претходно дали одлучил дали да…