Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините
    Република

    МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините

    09/09/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Од Министерството за внатрешни работи најавуваат навремено и целосно информирање на граѓаните за новите правила при патување во ЕУ, што според најавите стапуваат во сила од 12. следниот месец, за да нема застои на патните премини.

    Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев денеска на новинарско прашање посочи дека се во постојана комуникација со европските партнери и оти според првичните најави и сегашната европска регулатива, граѓаните ќе пополнуваат онлајн апликации.

    Разговараме на дневна основа како сето тоа да биде олеснето и подостапно за нашите граѓани. Се согласувам, најголем проблем може да бидат патните премини кај нашите соседи кои се дел од Европската унија. Затоа, наша обврска е да ги информираме граѓаните комплетно, какви апликации треба да поднесат. Според сегашната регулатива, оваа апликација ќе биде онлајн, сето тоа ќе одзема време, ќе биде кратко, но ќе биде со важност од две години. Такви се првичните најави, но кога ќе ги добиеме официјалните информации од ЕУ ќе бидат споделени со граѓаните. Таа регулатива е на ЕУ а ние сме должни да ја почитуваме – рече Јанев, кој присуствуваше на настан за замена на регистарските таблици на службените возила со нови, специјални, во боја.

    Според последните информации, системот за влез/излез (EES) ќе почне на 12 октомври 2025 година. Постепено, во период од шест месеци ќе го имплементираат 29 европски земји (25-те членки на ЕУ дел од Шенген зоната, плус Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија), а со целосната имплементација да започне од 10 април 2026 година, од кога електронски ќе се пресметуваат деновите на престој. Во овој момент преку вториот систем, ETIAS, не е потребна никаква акција од страна на патниците, а Европската Унија ќе информира дополнително за конкретниот датум за почеток на ETIAS неколку месеци пред неговото лансирање.

    Поврзани вести:

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    20/10/2026

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    20/10/2026

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.