Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Октомвриската кошничка достигна 59.149 денари, зеленчукот и овошјето најмногу поскапеле
    Економија

    Октомвриската кошничка достигна 59.149 денари, зеленчукот и овошјето најмногу поскапеле

    20/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Просечната потрошувачка кошничка во октомври достигнала 59.149 денари, што е зголемување од 942 денари во однос на септември, односно раст од 1,6 отсто, информираше министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

    На брифинг со медиумите, Дурмиши посочи дека најголемото зголемување на трошоците е забележано кај храната и пијалаците, особено кај овошјето и зеленчукот. Дополнителен раст има и кај трошоците за домување, облека и обувки, рекреација, култура, електрична енергија, гас и други горива.

    Министерот информираше дека цените секојдневно се следат преку Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), а институциите, како што рече, засега не гледаат потреба од нови интервенции на пазарот.

    „Засега цените се во рамки на релативна пазарна стабилност. Нашата цел е да интервенираме само ако има потреба и економска оправданост. Кога ќе бидеме известени од ДПИ дека има девијантно однесување кај трговците, тогаш ќе постапиме“, изјави Дурмиши.

    Осврнувајќи се на инфлацијата, министерот посочи дека месечната инфлација во октомври изнесувала 0,4 отсто, додека годишната стапка била 3,3 проценти.

    Според него, економските показатели внимателно се анализираат, а Македонија, како што нагласи, има пониска инфлација во споредба со дел од земјите во еврозоната.

    „Во еврозоната инфлацијата е четири отсто. Ние сме најдобри. Сепак, инфлацијата кај нас треба да биде под три отсто и ќе го достигнеме тоа до крајот на годината“, рече Дурмиши.

    Министерот се осврна и на прашањето за минималната плата, посочувајќи дека Владата работи на нејзино зголемување.

    Поврзани вести:

    Македонците се повеќе се задолжуваат: Кредитите растат побрзо од заштедите

    Македонците се повеќе се задолжуваат: Кредитите растат побрзо од заштедите

    Берзански бум: „Амазон“ и „Гугл“ добија стотици милијарди долари со ИПО на „Антропик“

    Берзански бум: „Амазон“ и „Гугл“ добија стотици милијарди долари со ИПО на „Антропик“

    ММФ предупредува: Нови инфлациски притисоци може да донесат поскапи кредити

    ММФ предупредува: Нови инфлациски притисоци може да донесат поскапи кредити

    Николоски од Виена: ЕУ мора итно да најде решение за превозниците од Западен Балкан

    Николоски од Виена: ЕУ мора итно да најде решение за превозниците од Западен Балкан

    Мемов: Пензиите пораснаа за 7.000 денари, во септември следуваше ново зголемување

    Мемов: Пензиите пораснаа за 7.000 денари, во септември следуваше ново зголемување

    Илон Маск го поддржа враќањето на Џенсен Хуанг на чело на Nvidia

    Илон Маск го поддржа враќањето на Џенсен Хуанг на чело на Nvidia

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Македонците се повеќе се задолжуваат: Кредитите растат побрзо од заштедите

    20/11/2026

    Берзански бум: „Амазон“ и „Гугл“ добија стотици милијарди долари со ИПО на „Антропик“

    20/11/2026

    ММФ предупредува: Нови инфлациски притисоци може да донесат поскапи кредити

    19/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.