Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Арљинда Хасани Синани избрана за нова вицегувернерка на Народната банка
    Политика

    Арљинда Хасани Синани избрана за нова вицегувернерка на Народната банка

    02/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Собранието, на предлог на гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, ја избра Арљинда Хасани Синани за нова вицегувернерка на Народната банка. Нејзиниот мандат ќе трае седум години.

    Арљинда Хасани Синани е дипломирана економистка со повеќе од две децении професионално искуство во банкарскиот сектор. Во текот на својата 22-годишна кариера работела на бројни стручни и раководни позиции, стекнувајќи искуство во кредитирањето, управувањето со ризиците, корпоративното банкарство и развојот на деловните процеси.

    Професионалниот пат го градела во две од најпознатите банки во земјава – „Прокредит банка“ АД Скопје и „Стопанска банка“ АД Скопје. Од 2023 година ја извршувала функцијата регионален директор за Северозападниот Регион во „Стопанска банка“, каде што раководела со работењето на повеќе експозитури и била одговорна за развојот на деловните активности во регионот.

    Нејзиното искуство опфаќа и работа во области поврзани со регулаторната и супервизорската рамка, управувањето со ризици, корпоративното управување и носењето стратешки одлуки, а во текот на кариерата била дел и од повеќе комисии и управувачки тела во банкарските институции во кои работела.

    Од Народната банка оценуваат дека со изборот на Арљинда Хасани Синани дополнително се зајакнува професионалниот капацитет на институцијата и се создаваат услови за континуирано и ефикасно спроведување на нејзините законски надлежности.

    Како што се наведува, целта останува одржување на стабилен, сигурен и отпорен финансиски систем, како и обезбедување поддршка за одржлив економски раст и развој на државата.

    Поврзани вести:

    Собранието повторно расправа за измените на Законот за јавни набавки, поднесени над 2.100 амандмани

    Собранието повторно расправа за измените на Законот за јавни набавки, поднесени над 2.100 амандмани

    ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека премиерот ја донел одлуката за „Алта банка“

    ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека премиерот ја донел одлуката за „Алта банка“

    Славески призна дека Мицкоски ја донел одлуката за „Алта банка“, на потег е ЈО, кажа Димитријевиќ

    Славески призна дека Мицкоски ја донел одлуката за „Алта банка“, на потег е ЈО, кажа Димитријевиќ

    СДСМ обвини за доцнење на плати во ЕСМ и проблеми со општинските плаќања

    СДСМ обвини за доцнење на плати во ЕСМ и проблеми со општинските плаќања

    СДСМ: Димитриевски му создава алиби на Мицкоски за предвремени избори

    СДСМ: Димитриевски му создава алиби на Мицкоски за предвремени избори

    „Разговори за иднината во 12:05“ бара државна стратегија за забрзување на евроинтеграциите

    „Разговори за иднината во 12:05“ бара државна стратегија за забрзување на евроинтеграциите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Собранието повторно расправа за измените на Законот за јавни набавки, поднесени над 2.100 амандмани

    10/11/2026

    ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека премиерот ја донел одлуката за „Алта банка“

    08/11/2026

    Славески призна дека Мицкоски ја донел одлуката за „Алта банка“, на потег е ЈО, кажа Димитријевиќ

    08/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.