Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Антипушачкиот закон во вторник на седница на влада, се најавувуваат строги контроли
    Економија

    Антипушачкиот закон во вторник на седница на влада, се најавувуваат строги контроли

    30/05/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    „Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун и сродни производи е резултат на широк консултативен процес со сите засегнати страни и не е подготвен ниту набрзина, ниту со наметнување решенија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски и додаде дека основната цел на законското решение е намалување на бројот на лица кои користат тутунски производи и подобрување на јавното здравје.

    Говорејќи на состанок со еснафските здруженија и со други засегнати страни, на кој присуствуваше и министерот за здравство Азир Алиу, Мицкоски истакна дека во изработката на законот биле вклучени здруженија, производители, дистрибутери, угостители и сопственици на ресторани и на ноќни клубови.

    Според него, конечниот текст е компромисно решение кое ги зема предвид различните интереси, иако не може целосно да ги задоволи сите страни.

    – Не постои идеален закон од кој сите ќе бидат целосно задоволни. Важно е што низ дијалог успеавме да дојдеме до заедничко решение кое во голема мера ги регулира односите во оваа област – рече премиерот.

    Тој најави дека Владата ќе инсистира на доследна примена на законот на целата територија на државата и предупреди дека нема да има привилегирани поединци, региони или угостителски објекти.

    – Инспекциските служби ќе бидат ригорозни. Нема да има повластени и нема да има селективна примена на законот. Секој што нема да ги почитува прописите ќе биде санкциониран – порача Мицкоски.

    Премиерот изрази очекување дека законското решение ќе биде ставено на владина седница во вторник и апелираше неговото усвојување да се реализира што е можно побрзо.

    Тој оцени дека правилната и доследна примена на законот ќе придонесе за подобра заштита на здравјето на граѓаните и за намалување на употребата на тутунски производи.

    Министерот за здравство Азир Аиу рече дека е заокружена целокупната консултативна и институционална постапка за предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи.

    – Ова не е закон што се носи набрзина, ниту закон што се носи без слушање на засегнатите страни. Напротив, ова е закон што помина низ широка, инклузивна, детална и аргументирана постапка на усогласување меѓу државните институции, со инспекциските и надзорните органи, со претставниците на тутунската индустрија, со угостителскиот сектор, со експертската јавност и со граѓаните преку можноста што ја имаа преку ЕНЕР – рече Алиу.

    -Причината поради која ни е потребен нов закон произлегува од тоа што постојниот закон е донесен во 1995 година и, иако во меѓувреме имал девет измени, повеќе не одговара на денешната реалност. Денес не зборуваме само за класични цигари. Имаме електронски цигари, како и несогорливи тутунски производи кои се нови форми на употреба на никотин и тутун што технологијата постојано ги развива, истакна Алиу.

    Според него, податоците се недвосмислени и тие се основата на јавно-здравствениот пристап.

    Поврзани вести:

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.