Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»Ангелов: Пожарот во Дојран го гасат два Ер трактори
    Стојанче Ангелов - директор на ДЗС
    Некатегоризирано

    Ангелов: Пожарот во Дојран го гасат два Ер трактори

    15/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Од вкупно пријавени девет пожари на отворен простор ширум земјава, пет пожари се активни и тоа пожарот во општина Дојран кај селото Николиќ, кај велешкото село Крушје, пожарот во општина Македонски број помеѓу селата Црешево, Локвица, Карпа и Слатина, понатаму пожарот во општина Гази Баба кај селото Раштак кон Љуботен, како и пожарот во општина Сарај.

    Како што информираа денеска на заедничка прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Аљи и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, во пожарот кај дојранското село Николич интервенираат Противпожарната единица на Валандово, двата Ер трактори на ДЗС и доброволното противпожарно друштво на Дојран. Во пожарот кај с. Крушје, велешко, беше посочено дека покрај Протипожарната единица – Велес, интервенираат и 30 припадници на Армијата, додека пак, во пожарот кај Македонски брод интервенира локалната Противпожарна единица и ЈП Македонија пат.

    Во врска со тоа за колкава површина изгорена шума станува збор во досегашните активни пожари, директорот на ДЗС, Ангелов, вели најдобар одговор на ова прашање може да дадат надлежните од Јавното претпријатие Национални шуми.

    Поголемиот дел од пожарите, Ангелов посочи дека се одвиваат на тешко пристапни терени, каде пред сѐ, вели, расте деградирана шума, нискостеблеста шума и трње, но, исто така, нагласи дека еден од пожарите има навлезено во делумно квалитетна шума.

    – Би укажал дека поголемиот дел од пожарите се одвиваат на тешко пристапни терени, каде што пред сѐ расте деградирана шума, нискостеблеста шума и трње. За жал, еден од пожарите навлезе во делумно квалитетна шума како што е на територијата на Македонски брод во село Крапа и околните села, но генерално на повеќето места, гори ниско квалитетна шума или трња. Штетата во овој момент од аспект на екологија, секако дека не е за потцнеување, но споредено со минатата година е значително помала, рече Ангелов.

    Прашан каква е состојбата на терен, директорот на ДЗС посочи дека во моментов нема ниту еден критичен пожар од аспект на загрозување на села, населби, викенд куќи или друг тип на населени места, како и дека до крајот на денот очекува пожарот кај дојранското село Никулиќ да биде ставен под контрола.

    – Поимот критично може да биде толкуван пошироко. Во овој момент немаме ниту еден критичен пожар од аспект на загрозување на села, населби, или друг тип на населени места, викенд куќи. Во овој момент два Ер трактори на ДЗС дејствуваат врз пожарот над село Никулиќ којшто се движи кон валандовската страна и овој пожар е пред само ставање во контрола. Очекувам до крајот на денот истиот да биде ставен под целосна контрола. Таму на лице место се наоѓа заменикот на директорот на Национални шуми, со повеќе екипи на Национални шуми коишто помагаат или ја имаат водечката улога, професионалните пожарникари од Валандово, Гевгелија и Струмица, посочи Ангелов.

    Поврзани вести:

    Љупче Дориев не запира: Гол, асистенција и ново големо признание

    Љупче Дориев не запира: Гол, асистенција и ново големо признание

    Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Ратко Младиќ

    Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Ратко Младиќ

    Карпош ќе доделува стипендии за талентирани млади спортисти

    Карпош ќе доделува стипендии за талентирани млади спортисти

    Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на буџетот, повеќе средства за капитални проекти и поддршка на граѓаните

    Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на буџетот, повеќе средства за капитални проекти и поддршка на граѓаните

    Проданоски: Општина Прилеп е целосно подготвена за новата учебна година

    Проданоски: Општина Прилеп е целосно подготвена за новата учебна година

    БулМак го одбележа Денот на рударите и десетгодишниот јубилеј

    БулМак го одбележа Денот на рударите и десетгодишниот јубилеј

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Љупче Дориев не запира: Гол, асистенција и ново големо признание

    06/09/2026

    Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Ратко Младиќ

    04/09/2026

    Карпош ќе доделува стипендии за талентирани млади спортисти

    02/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.