Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»Akuo EduLab ги обедини наставниците, студентите и институциите во Штип во дискусија за иднината на образованието за одржливост
    Некатегоризирано

    Akuo EduLab ги обедини наставниците, студентите и институциите во Штип во дискусија за иднината на образованието за одржливост

    02/06/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Пилот-проектот ги поврза универзитетот, училиштата и локалната заедница со цел темите за одржливост, обновлива енергија и биодиверзитет да се доближат до младите генерации

    Штип, 2 јуни 2026 година – Резултатите од Akuo EduLab, пилот-проект во кој беа вклучени повеќе од 400 ученици, десетици студенти и наставници, беа претставени на завршен настан одржан на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

    Проектот беше реализиран од Akuo, во партнерство со Еко Логик и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, со поддршка на Амбасадата на Франција во Република Северна Македонија.

    Настан посветен на поврзување на училиштата, студентите и институциите

    Завршниот настан ги обедини претставниците на образовните институции, локалната самоуправа, граѓанските организации, училиштата, студентите и приватниот сектор во дискусија за тоа како темите поврзани со одржливоста можат да станат посилен дел од образовната практика. Преку презентации, споделување искуства и модерирана тркалезна маса, учесниците се осврнаа на резултатите од проектот и разговараа за можностите за понатамошен развој на образованието за одржливост.

    Првата работна сесија, насловена „Од визија до практика – образование за одржливост преку Akuo EduLab“, беше посветена на методологијата, реализацијата и резултатите од проектот. Претставници на Еко Логик, Факултетот за образовни науки, како и студенти и наставници вклучени во проектот, ги споделија своите искуства и презентираа примери за тоа како темите поврзани со одржливоста биле интегрирани во образовни активности што ги поврзуваат училиштата, студентите и локалната заедница.

    Во рамки на втората сесија, тркалезната маса на тема „Одржливоста во училницата: Како идните наставници можат да ги инспирираат новите генерации?“, претставници на Akuo, Еко Логик, Универзитетот „Гоце Делчев“, Општина Штип и други релевантни чинители разменија искуства и ставови за тоа како образованието за одржливост може да премине од теоретски концепт во практична примена во училниците. Воедно, беа разгледани можностите за понатамошен развој и примена на слични образовни модели и во други делови од земјата.

    Погледите на партнерите

    Осврнувајќи се на значењето на проектот, Александра Сомбстај, извршен потпретседател за надворешни односи во Акуо истакна:

    „Зелената транзиција не се однесува само на изградба на инфраструктура, туку и на создавање информирани и ангажирани генерации. Преку Akuo EduLab придонесовме за поврзување на образованието, локалните заедници и темите како што се обновливата енергија, биодиверзитетот и одржливиот развој, истовремено обезбедувајќи им на наставниците и студентите практични алатки со кои ќе можат да ги инспирираат најмладите.“

    Од академски аспект, проф. д-р Трајче Стојанов, декан на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, изјави:

    „За нашите студенти, проектот претставуваше конкретна можност стекнатите академски знаења да ги применат во реална образовна средина. Воедно, тој ја потврди важноста на соработката меѓу универзитетите, училиштата и останатите чинители во создавањето образование што одговара на предизвиците на современото време.“

    Никола Нешкоски, директор на здружението на граѓани за заштита на животната средина Еко Логик, нагласи дека EduLab покажал како може да се постигнат суштински подобрувања во образованието за животна средина и одржливост кога во процесот на учење истовремено се вклучени учениците, наставниците и идните наставници.

    „Со поддршка од Akuo, Еко Логик разви пет едукативни модули за животна средина, одржливост и обновлива енергија, засновани на практично учење. Со поврзување на студентите, наставниците од основните училишта и учениците во Штип, проектот успешно ги спои теоријата и практиката, обезбедувајќи им на наставниците и студентите корисни методи и алатки за работа. Веруваме дека овој модел може да се примени и во други образовни средини, со цел младите генерации да размислуваат критички, да дејствуваат одговорно и да придонесуваат кон поодржлива иднина.“

    Поврзани вести:

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    20/10/2026

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    19/10/2026

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    16/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.