Општина Аеродром започнува со интензивни контроли и мерења на прекумерната бучава, со јасна цел – заштита на здравјето, мирот и квалитетот на живеење на сите граѓани.
Во станбените објекти, во вечерниот период од 19 до 23 часот, дозволеното ниво на бучава не смее да надмине 35 децибели, а во ноќниот период од 23 до 7 часот, дозволеното ниво на бучава не смее да биде над 30.
Општината најавува контроли и кај угостителските и туристичките објекти, при што предвидува казни од 6.000 евра па се до 69.000 за непочитување на законот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
