Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»Се одбележуваат 24 години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила
    Некатегоризирано

    Се одбележуваат 24 години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила

    10/08/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    На повеќе локации во Скопје денеска беше одбележана 24-годишнината од загинувањето на осумте бранители, резервисти на Армијата кои ги загубија животите кај месноста Љуботенски Бачила во 2001 година.

    Свежо цвеќе на спомен-обележјата на загинатите припадници на Армијата на повеќе локации положи министерот за правда Игор Филков, кој ја предводеше владината делегација.

    „Почит беше оддадена пред спомен-обележјето на бранителот Томислав Настевски во Општината Ѓорче Петров, пред споменикот на бранителите во село Волково како и спомен обележјата во касарната ‘Илинден’ и во село Љубанци. Наша обврска е да паметиме, да сочувствуваме и да создаваме општество во кое вакви трагедии никогаш повеќе нема да се повторат“, се наведува во соопштението на Владата.

    Во објава на Фејсбук почит кон загинатите изрази премиерот Христијан Мицкоски.

    „Само со вистина, почит и искрена желба за помирување можеме да изградиме општество каде вакви трагедии нема да се повторат. Нека е вечна нивната жртва за татковината. Македонија се потпира на влогот на овие луѓе и нивното дело“, пишува Мицкоски во фејсбук-објавата.

    На спомен-обележјата на загинатите резервисти почит оддаде и делегација на Армијата и Министерството за одбрана предводена од директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев, кој положи венци со свежо цвеќе на спомен-обележјата во село Љубанци, Волково, касарната „Илинден“ и Општина Ѓорче Петров.

    Поврзани вести:

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    20/10/2026

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    19/10/2026

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    16/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.