ВМРО-ДПМНЕ најостро го осуди симнувањето и сквернавењето на македонското државно знаме во Гостивар, порачувајќи дека секое непочитување на државните симболи мора да биде соодветно санкционирано.
Во соопштението до јавноста, од партијата оценуваат дека ваквите постапки создаваат поделби меѓу граѓаните, наместо да придонесуваат за меѓусебно почитување, единство и сплотување во општеството.
Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа надлежните институции итно да реагираат и да ги преземат сите неопходни дејствија за целосно расчистување на случајот.
Партијата бара идентификување на сторителите и преземање соодветни мерки, нагласувајќи дека непочитувањето и сквернавењето на македонските државни симболи не смее да остане несанкционирано.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
