Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Ѓорѓиевски ги вклучува граѓаните во креирањето на буџетот на Скопје за 2027 година
    Скопје

    Ѓорѓиевски ги вклучува граѓаните во креирањето на буџетот на Скопје за 2027 година

    22/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, започна серија консултации со граѓани и претставници на различни општествени групи во рамки на подготовката на буџетот на Град Скопје за 2027 година.

    Целта на овие средби, како што информира градоначалникот, е идните инвестиции и приоритети на градот да бидат дефинирани според реалните потреби на жителите на Скопје.

    Ѓорѓиевски посочи дека во текот на денот разговара со млади, претставници на невладиниот сектор, урбани и месни заедници, пензионери, бизнис-заедницата и културни работници, при што главна тема е кои проблеми треба да бидат решени и кои проекти треба да бидат реализирани во следната година.

    „Граѓаните најдобро знаат која улица долго време чека реконструкција, каде недостига спортски простор и во кој дел од градот е потребно повеќе зеленило. Од тие реални потреби тргнуваме при одлучувањето како ќе се распоредат средствата од градскиот буџет“, порача Ѓорѓиевски.

    Градоначалникот нагласи дека транспарентноста и отчетноста ќе останат меѓу основните принципи во работата на градската администрација, додавајќи дека граѓаните треба да бидат дел од процесот на креирање политики, но и да имаат јасен увид во реализираните проекти.

    Во буџетот за 2027 година се очекува да бидат опфатени капитални вложувања во инфраструктурата, културата, спортот и заштитата на животната средина. Покрај поголемите проекти, најавено е внимание и кон помали локални интервенции, како обновување на улици, подобрување на условите во населбите и решавање на секојдневните проблеми на граѓаните.

    Ѓорѓиевски ги повика скопјани да достават свои предлози и идеи, со цел новиот буџет да ги одразува нивните приоритети и потреби.

    „Кога утре ќе погледнете што е направено, да можете да кажете дека тоа била ваша идеја и дека е реализирана. Скопје го градиме заедно“, порача градоначалникот.

    Поврзани вести:

    Арсовска: Ганиу ме тужи за клевета, но јас имам 3.200 страници докази

    Арсовска: Ганиу ме тужи за клевета, но јас имам 3.200 страници докази

    Се асфалтира булеварот „Борис Трајковски“, жителите на Драчево и Пинтија добиваат модерен пат

    Се асфалтира булеварот „Борис Трајковски“, жителите на Драчево и Пинтија добиваат модерен пат

    Карпош поставува заштитни столпчиња за поголема безбедност на пешаците

    Карпош поставува заштитни столпчиња за поголема безбедност на пешаците

    Реновирано детското игралиште зад Универзална сала, Центар продолжува со уредување на катчињата за деца

    Реновирано детското игралиште зад Универзална сала, Центар продолжува со уредување на катчињата за деца

    Делови од Центар денеска без вода поради дефекти и водоводни работи

    Делови од Центар денеска без вода поради дефекти и водоводни работи

    Силен ветер направи хаос на патиштата: Паднати дрва, семафор и канделабра

    Силен ветер направи хаос на патиштата: Паднати дрва, семафор и канделабра

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Арсовска: Ганиу ме тужи за клевета, но јас имам 3.200 страници докази

    20/11/2026

    Се асфалтира булеварот „Борис Трајковски“, жителите на Драчево и Пинтија добиваат модерен пат

    20/11/2026

    Карпош поставува заштитни столпчиња за поголема безбедност на пешаците

    20/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.