Телото на шестгодишното дете, кое во петокот падна во реката Рибница во Подгорица, е пронајдено по повеќедневна потрага, потврди командирот на градската Служба за заштита и спасување, Марко Радуловиќ.
Спасувачките екипи во текот на акцијата пребаруваа повеќе делови од коритото на реката, од населбата Коник до Скалине, како и потегот од местото каде што детето последен пат било забележано до вливот на Рибница во реката Морача.
Исчезнувањето било пријавено во петокот во 14:08 часот, по што веднаш започнала обемна потрага во која биле ангажирани спасувачки служби.
Откако првичните пребарувања не дале резултат, во акцијата биле вклучени дополнителни екипи, припадници на Министерството за внатрешни работи, доброволци и нуркачи од Регионалниот центар Бијела.
По интензивната потрага, телото на детето било пронајдено, со што трагичната акција заврши.
