ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) во периодот од 1 до 8 ноември 2026 година отстрани 143 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Од претпријатието информираат дека возилата биле отстранети со помош на специјалните возила „Пајак“, како дел од активностите за справување со неправилното паркирање на територијата на Општина Центар.
Од ПОЦ посочуваат дека за трајно решавање на проблемот со сообраќајниот метеж и несовесното паркирање е потребно поголемо почитување на сообраќајните правила од страна на возачите.
„ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар, со цел подигнување на сообраќајната свест и зголемување на безбедноста во сообраќајот“, наведуваат од претпријатието.
