Полицијата поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на Кочани поради сомнение за сторено кривично дело „демнење“, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, пријавениот К.М. во период од околу три месеци годинава следел 33-годишна жена од Кочани и ѝ упатувал закани.
Како што наведуваат од полицијата, тој ѝ се заканувал дека доколку не прифати да биде во љубовна врска со него, ќе објави експлицитни фотографии и видеа кои, според пријавата, тајно ги снимал.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против лицето е поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
