Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи потврдија дека денеска се спроведува полициска акција во Куманово во која се преземаат дејствија против лица осомничени за изнуда, лихварство, уцени и други кривични дела.
Од Обвинителството информираат дека јавен обвинител координира со полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, а врз основа на судски наредби се вршат повеќе претреси со цел обезбедување докази.
„Се преземаат дејствија во врска со кривични дела изнуда, перење пари и други приноси од казниво дело и несовесно работење во службата“, наведуваат од Обвинителството.
Од МВР потврдија дека нивни полициски службеници учествуваат во акцијата во координација со надлежниот јавен обвинител, а дополнителни информации ќе бидат објавени по завршувањето на активностите.
Од Обвинителството најавуваат дека јавноста ќе биде дополнително информирана по целосното завршување на акцијата.
