До 13 часот на вториот круг од изборите за градоначалник во Општина Брвеница своето право на глас го оствариле 4.518 избирачи, што претставува излезност од 27,81 проценти, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Според податоците од Комисијата, во периодот меѓу 11 и 13 часот на избирачките места гласале дополнителни 2.273 граѓани. На претходниот пресек, до 11 часот, беа регистрирани 2.245 гласачи.
ДИК информира дека податоците се обработени од сите 24 избирачки места во општината. Во споредба со првиот круг од изборите, одржан пред две недели, излезноста до 13 часот е повисока за 7,31 процентен поен.
Во однос на заштитата на избирачкото право, до 13 часот до Државната изборна комисија бил поднесен еден приговор. Комисијата го усвоила приговорот, по што на гласачот му било овозможено да го оствари своето право на глас.
