Во Општина Брвеница денеска гласаат болните и изнемоштените лица, додека утре ќе се одржи вториот круг од предвремените избори за градоначалник.
Првиот круг од изборите се одржа на 18 октомври, а во трката за градоначалничката функција најголема поддршка добија кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Кандидатот на коалицијата „ВМРО-ДПМНЕ – Твоја Македонија“, Стојанчо Радичевски, во првиот круг освои 2.943 гласа, односно 38,9 отсто од вкупниот број гласови.
Неговиот противкандидат Аркин Јахији од коалицијата на ДУИ „Национална алијанса за интеграција“ освои 2.152 гласа, или 28,45 отсто од гласовите.
Изборниот молк за вториот круг започна синоќа на полноќ, а граѓаните на Брвеница утре ќе го дадат својот глас за избор на нов градоначалник.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
