Поради планирани технички активности на електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Петровец и Карпош, информираат од ЕВН Македонија.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот прекин во снабдувањето со струја ќе има во селата Дибље, Сушица, Живиње и Катлановска Сушица во општина Петровец.
Без електрична енергија ќе остане и дел од корисниците на улицата „Јани Лукровски“ во општина Карпош, каде што прекинот е најавен во периодот од 11:25 до 14:25 часот.
Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности, имајќи ги предвид најавените прекини во снабдувањето со електрична енергија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
