Во Скопје денеска се спроведе најмасовната еко- акција досега во која се вклучија 30.000 лица, а учествуваше и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски како и градоначалниците од другите скопски општини, но и волонтери, ученици и граѓани кои го расчистуваа Градскиот парк и повеќе други локации низ градот.
-Нашите деца заслужуваат да растат покрај зеленило и во чиста околина, а од нас да научат како се чува тоа што им припаѓа на сите. До оние што и понатаму несовесно фрлаат отпад им порачувам: почитувајте ги овие луѓе! Почитувајте го нивното време, нивниот труд и нивниот град, кој е и ваш!, порача Ѓорѓиевски.
Тој упати апел до граѓаните на Скопје да го зачуваат сработеното и дека нема да се толерираат оние кои намерно го загадуваат главниот град.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
