Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Манасиевски: Филипче и СДСМ живеат во илузорна вистина за Вучиќ и Србија
    Политика

    Манасиевски: Филипче и СДСМ живеат во илузорна вистина за Вучиќ и Србија

    27/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ се обидува преку, како што велат, повторување на невистини да го пренасочи вниманието на јавноста од сопствената политичка одговорност.

    Портпаролот на владејачката партија, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција оцени дека обвинувањата на опозицијата за наводни влијанија од српските власти претставуваат „замена на тези“.

    „Кај Филипче и СДС работи ефектот на илузорната вистина. Тие се длабоко уверени дека ако една лага ја повторат 1.000 пати, таа некако ќе стане вистина. Таков е и случајот со нивните илузорни вистини за Вучиќ и за српскиот свет“, изјави Манасиевски.

    Тој се осврна и на периодот кога СДСМ беше на власт, потсетувајќи на соработката на тогашното раководство со српскиот претседател Александар Вучиќ.

    Според Манасиевски, поранешните функционери на СДСМ имале блиски односи со Вучиќ, а како пример ги наведе средбите, посетите и политичката соработка во тој период.

    „До пред неколку години, кога беа власт Заев и Филипче го величаа Вучиќ и му се поклонуваа на граница кога им донираше вакцини. Го шетаа по македонските винарии, му подаруваа македонски дресови и му се извинуваа ако во Македонија кажеше некаков лош збор за него“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Тој додаде дека лица блиски до Вучиќ, како што наведе, Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ, по доаѓањето на Зоран Заев на власт биле ангажирани како советници во Владата.

    Манасиевски ја повика СДСМ, наместо да се занимава со изборни процеси во соседството, да побара предвремени избори во Македонија доколку смета дека има поддршка од граѓаните.

    „Наместо да слават за победа на избори на друга партија во друга држава, нека си го средат својот двор. Ако се подготвени за избори, нека ги побараат, а не да бегаат од нив“, порача тој.

    Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека политичките промени во Македонија започнале со заминувањето на претходните раководства на СДСМ и порача дека тој процес ќе продолжи.

    „На прашањето кое го поставува Филипче – кој е следен, имаме многу лесен одговор. Филипче, ти си следен“, заклучи Манасиевски.

    Поврзани вести:

    Бочварски: Владата не ги исполни ветувањата во енергетиката, граѓаните не добија подобри услови

    Бочварски: Владата не ги исполни ветувањата во енергетиката, граѓаните не добија подобри услови

    ВМРО-ДПМНЕ го повика Филипче да објасни за пријавените возила и нивната вредност

    ВМРО-ДПМНЕ го повика Филипче да објасни за пријавените возила и нивната вредност

    Филипче им честиташе на граѓаните на Србија: Падна Вучиќ, сите знаеме кој е следен

    Филипче им честиташе на граѓаните на Србија: Падна Вучиќ, сите знаеме кој е следен

    Собранието денеска расправа за интерпелацијата на министерката Сања Божиновска

    Собранието денеска расправа за интерпелацијата на министерката Сања Божиновска

    ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Каде се анкетите што ги најави пред две недели?

    ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Каде се анкетите што ги најави пред две недели?

    СДСМ: Трошоците за живот зголемени за 4.000 денари, граѓаните под нов притисок

    СДСМ: Трошоците за живот зголемени за 4.000 денари, граѓаните под нов притисок

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Бочварски: Владата не ги исполни ветувањата во енергетиката, граѓаните не добија подобри услови

    26/10/2026

    ВМРО-ДПМНЕ го повика Филипче да објасни за пријавените возила и нивната вредност

    26/10/2026

    Филипче им честиташе на граѓаните на Србија: Падна Вучиќ, сите знаеме кој е следен

    26/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.