Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено и по претежно суви коловози, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Според информациите, интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците каде што постои опасност од одрони.
Како покритични се посочени патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде возачите треба да бидат особено претпазливи поради можноста од појава на одрони.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
