Во текот на денешниот ден на отворен простор низ државата биле регистрирани вкупно 46 пожари, од кои 16 сè уште се активни, еден е ставен под контрола, додека 29 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.
Активни огнени жаришта има во повеќе општини, а најголем дел од нив зафаќаат ниска вегетација, сува трева, стрништа и шумски површини.
Пожари се активни во општините Врапчиште, Битола, Прилеп, Гевгелија, Дебар, Тетово, Чашка, Липково, Куманово, Студеничани, Сарај и Долнени.
Под контрола е ставен пожарот во Општина Центар Жупа, кај селото Џепиште, каде гори сува трева и нискостеблеста шума.
Во текот на денот биле изгаснати повеќе пожари во различни делови од државата, меѓу кои во општините Штип, Кочани, Виница, Валандово, Дебарца, Дебар, Струга, Кичево, Брвеница, Желино, Врапчиште, Гостивар, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари, Аеродром и Зелениково.
Од ЦУК апелираат граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат активности кои можат да предизвикаат пожари, особено во услови на сува вегетација и зголемен ризик од ширење на огнот.
