Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Средба Мицкоски – Јанша: Во фокусот ЕУ, реформите и економската соработка
    Република

    Средба Мицкоски – Јанша: Во фокусот ЕУ, реформите и економската соработка

    22/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк оствари средба со словенечкиот премиер Јанез Јанша, на која разговарале за европската перспектива на Македонија, продлабочувањето на политичката и економската соработка, како и за актуелните геополитички и безбедносни предизвици во Европа и регионот.

    Мицкоски истакна дека Македонија останува цврсто посветена на европската интеграција и реформите, но нагласи дека пристапниот процес треба да се темели на заслуги, исполнети критериуми и реални резултати, без нови билатерални условувања кои, според него, не се поврзани со европските вредности.

    „Не бараме привилегии и не бараме пократок пат. Бараме фер и предвидлив процес во кој постигнатото ќе се вреднува, а Македонија ќе биде почитувана како држава и партнер“, порача премиерот во објава на Фејсбук.

    Тој ја оцени Словенија како долгогодишен пријател и значаен партнер на Македонија во Европската Унија и НАТО, нагласувајќи дека постои заеднички интерес за понатамошно зајакнување на економската соработка, привлекување нови инвестиции и реализација на конкретни проекти од интерес за двете држави.

    Според Мицкоски, Владата ќе продолжи со спроведување на реформите, развој на економијата и зајакнување на меѓународните партнерства, истовремено, како што наведе, достоинствено бранејќи ги македонските национални интереси.

    Тој порача дека Македонија ќе продолжи да гради пријателства и нови можности, со цел државата да биде економски посилна и почитуван партнер на меѓународната сцена.

    Поврзани вести:

    Мобилни камери и контроли на сообраќајните црни точки низ државата

    Мобилни камери и контроли на сообраќајните црни точки низ државата

    Собраниската Комисија за одбрана ја усвои Предлог-резолуцијата за миграциската политика на Македонија

    Собраниската Комисија за одбрана ја усвои Предлог-резолуцијата за миграциската политика на Македонија

    Дигитална инклузија: Бесплатен интернет обезбеден во 64 општини, бенефит за 200.000 корисници

    Дигитална инклузија: Бесплатен интернет обезбеден во 64 општини, бенефит за 200.000 корисници

    Проштална средба на Тошковски со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

    Проштална средба на Тошковски со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

    Сиљановска-Давкова на Парискиот мировен форум, ќе говори за суверенитетот и хибридните закани

    Сиљановска-Давкова на Парискиот мировен форум, ќе говори за суверенитетот и хибридните закани

    Променливо облачно и релативно топло, од недела следува заладување

    Променливо облачно и релативно топло, од недела следува заладување

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    еу Јанез Јанша јанша македонија Мицкоски њујорк словенија христијан мицкоски
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мобилни камери и контроли на сообраќајните црни точки низ државата

    10/11/2026

    Собраниската Комисија за одбрана ја усвои Предлог-резолуцијата за миграциската политика на Македонија

    10/11/2026

    Дигитална инклузија: Бесплатен интернет обезбеден во 64 општини, бенефит за 200.000 корисници

    10/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.