69-годишен жител на селото Пирава, Валандовско, го загубил животот во пожар што избувнал вчера попладне во неговиот дом.
Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен околу 17:55 часот во Полициската станица Валандово, по што на местото веднаш била испратена увидна екипа од ОВР Валандово.
За време на интервенцијата и гаснењето на пожарот, во една од просториите на куќата било пронајдено безживотното тело на 69-годишниот Е.О. од Пирава.
Смртта ја констатирала екипа на Итната медицинска помош од Валандово.
За настанот бил известен и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а надлежните служби продолжуваат со истрагата за да ги утврдат причините за пожарот и сите околности поврзани со трагичниот случај.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
