Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Мицкоски од Њујорк: ЕУ не смее да го условува македонскиот идентитет
    Политика

    Мицкоски од Њујорк: ЕУ не смее да го условува македонскиот идентитет

    22/09/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски, обраќајќи се на Самитот „Конкордија“ во Њујорк, порача дека Македонија останува цврсто определена кон членството во Европската Унија, но нагласи дека евроинтегративниот процес не смее да се претвори во механизам за отворање на прашања поврзани со националниот идентитет.

    Тој истакна дека државата повеќе од дваесет години се соочува со бројни предизвици и блокади на патот кон ЕУ, што, според него, создало големо разочарување и фрустрација кај граѓаните. И покрај тоа, Владата ќе продолжи со реформските процеси и усогласувањето со европските стандарди и политики.

    Мицкоски посочи дека од Брисел во последниот период пристигнуваат охрабрувачки сигнали, при што како позитивен пример го издвои неформалниот документ инициран од Франција и Германија. Според него, постојат реални очекувања тој документ да прерасне во официјална политика на Европската Унија.

    Во своето излагање премиерот се осврна и на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, регионалната енергетска и инфраструктурна поврзаност, како и на економските показатели на земјата.

    Тој наведе дека реалниот економски раст во вториот квартал од 2026 година достигнал 4,3 проценти, додека инфлацијата во август се движела меѓу 2 и 2,5 проценти, што, според него, претставува показател за стабилизирање на економските текови.

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план од 2,85 милиони денари за проблемот со кравите во Крива Паланка

    ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план од 2,85 милиони денари за проблемот со кравите во Крива Паланка

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    Гаши ги укинува редовните паузи: Опозицијата ќе има два часа ефективни прашања

    Гаши ги укинува редовните паузи: Опозицијата ќе има два часа ефективни прашања

    Бојковска: Буџетот за 2027 е насочен кон економски раст, образование и подобар студентски стандард

    Бојковска: Буџетот за 2027 е насочен кон економски раст, образование и подобар студентски стандард

    Продолжува расправата за Буџетот за 2027: Над 300 амандмани, власта и опозицијата со спротивставени ставови

    Продолжува расправата за Буџетот за 2027: Над 300 амандмани, власта и опозицијата со спротивставени ставови

    Партијата на пензионери бара построги казни за корупција и целосна конфискација на имот

    Партијата на пензионери бара построги казни за корупција и целосна конфискација на имот

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Мицкоски сад
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план од 2,85 милиони денари за проблемот со кравите во Крива Паланка

    19/11/2026

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    19/11/2026

    Гаши ги укинува редовните паузи: Опозицијата ќе има два часа ефективни прашања

    16/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.