Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Радески блесна со три гола, Струга ТЛ испрати силна порака за титулата
    Спорт

    Радески блесна со три гола, Струга ТЛ испрати силна порака за титулата

    21/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Струга ТЛ продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига. Тимот од Струга денеска на домашен терен славеше убедлива победа од 6:0 против Арсими во рамки на 8. коло, со што ја запиша петтата победа на својот стадион во исто толку натпревари.

    Со новите три бода, составот на Бледи Шкемби остана на само два бода зад лидерот Шкендија и уште еднаш потврди дека сериозно ќе се бори за шампионската титула.

    Главен актер на натпреварот беше Марјан Радески, кој постигна хет-трик и ја предводеше офанзивната рапсодија на домашниот тим. Во листата на стрелци се запишаа и Алии, Рочи и Шабани.

    Струга ТЛ од самиот почеток ја презеде иницијативата и тргна по рано водство. Малески и Диако први се заканија, а Радески во 14. минута пропушти одлична можност за погодок. Домашните успеаја да ја затресат мрежата преку Бојку, но голот беше поништен поради офсајд по видео проверка.

    И покрај неколкуте шанси на Малески, Кола и останатите играчи, на паузата се замина без голови.

    Во второто полувреме Струга продолжи со доминацијата, а отпорот на гостите попушти во 62. минута, кога Мислими заработи втор жолт картон и беше исклучен.

    Само неколку минути подоцна, во 67. минута, Марјан Радески го отвори резултатот со удар од околу 18 метри, при што голманот на Арсими не успеа да интервенира и топката заврши во мрежата.

    За Радески ова беше 30-ти погодок во дресот на Струга ТЛ во најсилната македонска фудбалска конкуренција.

    Во 67. минута Радески повторно се најде во центарот на вниманието. По одличниот центаршут на Хамза, со глава зголеми на 2:0 и најави голема победа на домашниот тим.

    Само три минути подоцна Алии погоди за 3:0, а потоа следуваше нова фудбалска лекција на Струга. Радески комплетираше хет-трик со погодок за 4:0 по асистенција на Шабани.

    До крајот на натпреварот домаќините не застанаа. Рочи, кој влезе од клупата, погоди за 5:0, а Шабани ги постави конечните 6:0.

    Струга ТЛ со оваа победа испрати јасна порака дека останува еден од главните фаворити за врвот на табелата и за борбата за шампионскиот трофеј.

    Поврзани вести:

    Луда драма на „Олд Трафорд“: Јунајтед се врати од 0-2 и 2-4 за бод против Вила

    Луда драма на „Олд Трафорд“: Јунајтед се врати од 0-2 и 2-4 за бод против Вила

    РФМ ќе поднесе приговор до ЕХФ поради ознаката за Македонија на мечот со Грција

    РФМ ќе поднесе приговор до ЕХФ поради ознаката за Македонија на мечот со Грција

    Ландо Норис до пол-позиција во драматични дождливи квалификации во Бразил

    Ландо Норис до пол-позиција во драматични дождливи квалификации во Бразил

    Вардар славеше во Кратово, Струга се искачи на врвот на табелата

    Вардар славеше во Кратово, Струга се искачи на врвот на табелата

    Бруно Фернандеш до Роналдо: Чест беше да играм со мојот идол од детството

    Бруно Фернандеш до Роналдо: Чест беше да играм со мојот идол од детството

    Сестрата на Роналдо со мистериозна порака по неговото збогување со Португалија

    Сестрата на Роналдо со мистериозна порака по неговото збогување со Португалија

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    пмфл радески струга
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Луда драма на „Олд Трафорд“: Јунајтед се врати од 0-2 и 2-4 за бод против Вила

    08/11/2026

    РФМ ќе поднесе приговор до ЕХФ поради ознаката за Македонија на мечот со Грција

    08/11/2026

    Ландо Норис до пол-позиција во драматични дождливи квалификации во Бразил

    07/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.