Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Велика Британија подготвува план за војна: Граѓаните добија препорака да складираат храна и вода
    Свет

    Велика Британија подготвува план за војна: Граѓаните добија препорака да складираат храна и вода

    19/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Британската влада започна ревизија на националните планови за постапување во случај на воен конфликт или сериозна безбедносна криза, а истовремено им препорача на граѓаните да обезбедат резерви од вода, храна и основни средства за итни ситуации.

    Во Лондон се подготвува нова верзија на таканаречената „Воена книга“ – документ чии корени потекнуваат од времето на Студената војна и кој ги дефинира обврските на државните институции во услови на војна или голема национална криза.

    Со ревидираните насоки, министерствата, локалните власти и другите институции ќе добијат ажурирани задачи за координација со вооружените сили во случај на хибридни напади, саботажи или други сериозни безбедносни закани. Како дел од подготовките, британската влада планира во 2027 година да организира голема национална вежба за проверка на подготвеноста на институциите.

    Во меѓувреме, на официјалните владини страници се објавени препораки до населението секое домаќинство да има резерви од флаширана вода и нерасиплива храна што не бара подготовка. Покрај тоа, се советува граѓаните да обезбедат батериски ламби, радио-приемник на батерии, комплет за прва помош и преносливи полначи за мобилни телефони.

    Според британските власти, овие препораки не се наменети исклучиво за евентуален воен конфликт, туку и за ситуации како долготрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија, екстремни временски услови или други вонредни околности.

    Начелникот на британскиот Генералштаб, Ричард Најтон, предупреди дека актуелната безбедносна состојба е најсериозната со која се соочил во текот на својата 35-годишна воена кариера, посочувајќи ја Русија како главен безбедносен предизвик.

    Во анализите на британските медиуми се поставува и прашањето дали општеството е доволно подготвено за вакви сценарија, имајќи предвид дека повеќе генерации живееле во релативно мирен период. За разлика од некои скандинавски земји, кои со години инвестираат во цивилна заштита и подготвеност на населението, Велика Британија сега повторно ги активира механизмите за национална отпорност и колективна одбрана.

    Поврзани вести:

    Нов изборен тест во Германија: АфД може да освои уште една покраина

    Нов изборен тест во Германија: АфД може да освои уште една покраина

    Руска бомба погоди станбена зграда во Суми, двајца загинати

    Руска бомба погоди станбена зграда во Суми, двајца загинати

    (Видео) Пентагон објави нови НЛО досиеја

    (Видео) Пентагон објави нови НЛО досиеја

    Саудиска Арабија бара меѓународна помош за заштита од нападите на Хутите

    Саудиска Арабија бара меѓународна помош за заштита од нападите на Хутите

    Американски Ф-16 се урна во Мичиген, пилотот безбедно се катапултирал

    Американски Ф-16 се урна во Мичиген, пилотот безбедно се катапултирал

    ЕУ исплаќа 3,3 милијарди евра за ракети и дронови за Украина

    ЕУ исплаќа 3,3 милијарди евра за ракети и дронови за Украина

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    англија велика британија војна
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Нов изборен тест во Германија: АфД може да освои уште една покраина

    19/09/2026

    Руска бомба погоди станбена зграда во Суми, двајца загинати

    19/09/2026

    (Видео) Пентагон објави нови НЛО досиеја

    19/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.