Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»СДСМ: ДКСК не е доволна, потребна е истрага за парите од прославата
    Политика

    СДСМ: ДКСК не е доволна, потребна е истрага за парите од прославата

    16/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Од СДСМ оценуваат дека отворањето предмет од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата за можен судир на интереси претставува само еден сегмент од случајот со финансирањето на прославата на Денот на независноста и дека е неопходна истрага од Јавното обвинителство.

    Според партијата, проверката на ДКСК не може да ја замени истрагата за начинот на кој биле потрошени, како што тврдат, 5,5 милиони евра.

    Од СДСМ наведуваат дека Владата не ја информира јавноста за договорите, анексите, исплатите и фактурите поврзани со организацијата на прославата, како и дека остануваат отворени прашања околу начинот на трошење на јавните средства.

    Партијата бара Јавното обвинителство да обезбеди целокупна документација, да го следи текот на парите и да утврди како биле донесени одлуките за финансирање на настанот.

    Од СДСМ прашуваат дали постои одлука на Собранието на акционери на Државна лотарија за трошењето на средствата, кој орган го одобрил трошењето на над 300 милиони денари и врз основа на кој закон.

    Воедно, бараат да се испита јавниот повик преку кој бил избран организаторот, трошоците за настапот на светскиот диџеј Дејвид Гета, исплатите кон компаниите „Стардаст“ и „Авалон“, како и приходите од продажбата на билети и евентуалното плаќање данок.

    Од партијата сметаат дека јавноста заслужува целосна транспарентност и повторуваат дека Јавното обвинителство треба да отвори целосна истрага за сите околности поврзани со организацијата и финансирањето на прославата.

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството применува двојни стандарди во постапувањето

    ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството применува двојни стандарди во постапувањето

    ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството применува двојни стандарди

    ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството применува двојни стандарди

    ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството стана бастион на СДС и ДУИ, нивните луѓе се штитат од одговорност

    ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството стана бастион на СДС и ДУИ, нивните луѓе се штитат од одговорност

    СДСМ: Владата има средства за спектакли, но граѓаните добиваат само половични мерки

    СДСМ: Владата има средства за спектакли, но граѓаните добиваат само половични мерки

    Мицкоски во САД на средби во Сенатот, Конгресот и Стејт департментот, потоа на Генералното собрание на ОН

    Мицкоски во САД на средби во Сенатот, Конгресот и Стејт департментот, потоа на Генералното собрание на ОН

    „Повеќе учество, повеќе демократија“ – Митева ја претстави декларацијата на Унијата на жени

    „Повеќе учество, повеќе демократија“ – Митева ја претстави декларацијата на Унијата на жени

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    дкск прослава сдсм
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството применува двојни стандарди во постапувањето

    17/09/2026

    ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството применува двојни стандарди

    16/09/2026

    Антикорупциска отвори предмет за финансирањето на прославата за Денот на независноста

    15/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.