Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Вештакот Марковски: Надворешни елементи укажувале на пренамена на објектот „Пулс“, реконструкцијата продолжила и по 2012 година
    Република

    Вештакот Марковски: Надворешни елементи укажувале на пренамена на објектот „Пулс“, реконструкцијата продолжила и по 2012 година

    14/09/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Тимот градежни вештаци од Градежниот факултет при УКИМ, кои го изработиле вештачењето за потребите на Обвинителството за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска одговараа на прашања на судењето за трагедијата во која загинаа 63 лица.

    На рочиштето во Основниот кривичен суд Скопје, во судницата во Идризово, вештаците зборуваа за градежните зафати вршени во објектот, употребените материјали, исполнувањето на минимално-техничките услови за различни видови угостителски објекти, како и за надлежностите и контролите кои требало да се спроведат низ годините.

    Судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во периодот на изработката на вештачењето бил декан на факултетот, посочи дека постојат три надворешни елементи кои директно укажуваат дека објектот бил пренаменет.

    Според него, станува збор за надворешните скали, настрешницата над нив и информативната табла поставена над влезот во клубот.

    „Таблата е елемент за кој според Законот за градење и правилниците е потребно одобрение од општината. Имајќи го тоа предвид, секој што имал надлежност требало да реагира и само врз основа на овие надворешни елементи“, изјави Марковски.

    Одговарајќи на прашање дали останува на ставот дека градежните зафати изведени во 2012 година претставуваат реконструкција, вештакот одговори потврдно.

    „И во 2012 година и процесот што продолжува во 2024 година, бидејќи нема правна завршница на започнатото во 2012 година, а имало и други зафати кои се правени“, рече Марковски.

    Тој нагласи дека и поставувањето и отстранувањето на галериите претставува реконструкција, бидејќи со тие активности се влијаело врз основните барања на градбата.

    Во однос на електричната инсталација, Марковски посочи дека од фото документацијата се гледа оти објектот имал прописни струјомери и според тоа бил приклучен согласно важечките законски прописи.

    Говорејќи за материјалите вградени во објектот, особено за полиетиленскиот сунѓер, тој објасни дека правилниците за заштита од пожари предвидуваат дека материјалите кај спуштени тавани мора да имаат одредена отпорност на горење.

    „Полиетиленскиот сунѓер, за жал, тоа не го исполнува“, посочи Марковски.

    Тој објасни дека инвеститорот не мора да има стручно знаење за сите аспекти на градбата, но има обврска да ангажира стручни лица кои ќе изработат соодветен проект и ќе обезбедат употреба на материјали согласно намената на објектот.

    Според него, системот на контрола предвидува ревизија на проектите, проверки на материјалите и потврда од градежните инженери дека вградените материјали ги исполнуваат условите.

    На денешното рочиште беше прекинат распитот на вештото лице Викторија Димовска, откако одбраната најави дека ќе достави барање за нејзино изземање. Судот одлучи обвинителството да продолжи со дополнителни прашања кон останатите вештаци.

    По паузата од судењето, родителите на загинатите во пожарот реагираа дека во процесот се става акцент на, како што велат, споредни детали наместо на суштинските прашања за одговорноста.

    Александар Наунов порача дека клучното прашање е како објект кој 13 години функционирал како дискотека во поранешен салон за теписи добил услови за работа и кој имал обврска да реагира.

    „Нашите деца не се спореден детал во овој процес, тие се причината поради која овој процес постои“, изјави Наунов.

    Во однос на истекот на притворот за првообвинетиот Дејан Јованов, родителите посочија дека имаат доверба во обвинителството и судот и очекуваат постапката да продолжи без одолговлекување.

    Поврзани вести:

    Објавени резултатите за прием во студентските домови за академската 2026/2027 година

    Објавени резултатите за прием во студентските домови за академската 2026/2027 година

    „Палас ДМТ 2023“ донираше техничка опрема за Здравствената станица во Македонска Каменица

    „Палас ДМТ 2023“ донираше техничка опрема за Здравствената станица во Македонска Каменица

    ФЗОМ исплатил над 623 милиони денари за боледувања во август, најавени построги контроли

    ФЗОМ исплатил над 623 милиони денари за боледувања во август, најавени построги контроли

    Мицкоски откри какви закани добивал: Сум бил свиња и сакал да ме коле на плоштад

    Мицкоски откри какви закани добивал: Сум бил свиња и сакал да ме коле на плоштад

    ЦУК: Нема активни пожари во државата, под контрола останува пожарот кај Белица

    ЦУК: Нема активни пожари во државата, под контрола останува пожарот кај Белица

    Кумановец во притвор поради закани кон премиерот Мицкоски преку социјалните мрежи

    Кумановец во притвор поради закани кон премиерот Мицкоски преку социјалните мрежи

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    вештак кочани пулс рочиште судење
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Објавени резултатите за прием во студентските домови за академската 2026/2027 година

    14/09/2026

    „Палас ДМТ 2023“ донираше техничка опрема за Здравствената станица во Македонска Каменица

    14/09/2026

    ФЗОМ исплатил над 623 милиони денари за боледувања во август, најавени построги контроли

    14/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.