Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Ратко Младиќ
    Некатегоризирано

    Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Ратко Младиќ

    04/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос, ја откажа планираната посета на Србија поради, како што наведе, „величењето“ на Ратко Младиќ по неговата смрт.

    Кос преку социјалните мрежи порача дека Младиќ бил осуден за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, додавајќи дека неговото враќање во Белград ја потсетува Европа на најтемните страници од поновата историја.

    „Величањето што следи по неговата смрт е некомпатибилно со вредностите врз кои е изграден патот кон Европската унија. Тој пат бара соочување со минатото, вистинско помирување и почитување на жртвите на воените злосторства“, напиша европската комесарка.

    Таа нагласи дека вредностите на кои се темели иднината на Европа не се предмет на преговори и дека поради актуелните случувања решила да не ја реализира најавената посета на Белград.

    Кос во разговор со новинарите на неформалниот состанок на министрите за европски прашања во Даблин изјави дека начинот на кој ќе помине погребот на Младиќ ќе биде земен предвид при оценувањето на усогласеноста на Србија со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, реагираше на одлуката на Кос, оценувајќи дека образложението за откажувањето на посетата било „глупаво“.

    „Величањето едноставно не кажува кој нешто величал. Кога не можат да најдат ништо конкретно, тогаш се занимаваат со тоа“, изјави Вучиќ.

    Телото на Ратко Младиќ, кој почина во Хаг на 27 август на 85-годишна возраст, беше пренесено во Белград со авион на Владата на Србија.

    Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија го осуди Младиќ на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница, теророт врз цивилното население во Сараево и други воени злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина.

    При транспортот на ковчегот низ Белград беа забележани транспаренти со пораки за поддршка, а дел од граѓаните го поздравуваа неговото пристигнување. Најавена е комеморација, по што ќе следи погребување на гробиштата Топчидер.

    На случувањата реагираше и комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флаерти, кој изрази згрозување од јавното величење на осуден воен злосторник, оценувајќи дека тоа претставува навреда за жртвите.

    Случајот повторно ги отвори прашањата за соочувањето со военото наследство од 90-тите години, односот кон пресудите на меѓународните судови и европскиот пат на Србија.

    Поврзани вести:

    Карпош ќе доделува стипендии за талентирани млади спортисти

    Карпош ќе доделува стипендии за талентирани млади спортисти

    Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на буџетот, повеќе средства за капитални проекти и поддршка на граѓаните

    Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на буџетот, повеќе средства за капитални проекти и поддршка на граѓаните

    Проданоски: Општина Прилеп е целосно подготвена за новата учебна година

    Проданоски: Општина Прилеп е целосно подготвена за новата учебна година

    БулМак го одбележа Денот на рударите и десетгодишниот јубилеј

    БулМак го одбележа Денот на рударите и десетгодишниот јубилеј

    Хал Сити го шокираше Манчестер Јунајтед со историска победа во Премиер лигата

    Хал Сити го шокираше Манчестер Јунајтед со историска победа во Премиер лигата

    Општина Бутел започна голема акција за чистење на атмосферската и фекалната канализација

    Општина Бутел започна голема акција за чистење на атмосферската и фекалната канализација

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Карпош ќе доделува стипендии за талентирани млади спортисти

    02/09/2026

    Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на буџетот, повеќе средства за капитални проекти и поддршка на граѓаните

    31/08/2026

    Проданоски: Општина Прилеп е целосно подготвена за новата учебна година

    31/08/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.