Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Муцунски демантира средба со бугарската министерка: Тоа беше само краток разговор
    Политика

    Муцунски демантира средба со бугарската министерка: Тоа беше само краток разговор

    11/05/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски демантираше дека имал официјална билатерална средба со бугарската министерка за надворешни работи Весислава Петрова Чамова во Брисел, појаснувајќи дека станувало збор само за кратка размена на зборови на маргините на настан.

    Во реакцијата објавена по изјавите на бугарската министерка, Муцунски нагласи дека немало официјален состанок меѓу двајцата шефови на дипломатијата.

    „Во однос на изјавата на мојата нова бугарска колешка, Весислава Петрова Чамова, би сакал да појаснам дека денес немавме официјална билатерална средба. Имавме кратка размена на зборови на маргините на настан, во присуство на повеќе колеги. Ако едноминутен разговор се нарекува ‘средба’, тогаш денес навистина имавме многу ‘средби’“, наведе Муцунски.

    Тој реагираше и на употребата на терминот „северномакедонски“ од страна на бугарската министерка, оценувајќи дека таквото именување е неточно и несоодветно.

    „Македонците се Македонци. Ова не е прашање на политика, туку на основно почитување на идентитетот и достоинството на еден народ“, истакна Муцунски.

    Министерот додаде дека во дипломатијата прецизноста е важен дел од меѓусебната почит и изрази надеж дека наскоро ќе има официјална средба со неговата бугарска колешка во, како што рече, „пријателска и позитивна атмосфера“.

    Претходно, бугарските медиуми, повикувајќи се на изјава на Чамова, објавија дека таа имала „убава прва средба“ со Муцунски на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската Унија.

    Поврзани вести:

    СДСМ прашува: Како има пари за луксуз, а нема за минимална плата од 600 евра?

    СДСМ прашува: Како има пари за луксуз, а нема за минимална плата од 600 евра?

    ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителство да ја истражи исплатата на провизиите за железницата на Коридорот 8

    ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителство да ја истражи исплатата на провизиите за железницата на Коридорот 8

    ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДСМ, прославата на независноста била законска

    ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДСМ, прославата на независноста била законска

    СДСМ: Над 5 милиони евра се потрошени за прославата на независноста, Мицкоски да објави каде завршиле парите

    СДСМ: Над 5 милиони евра се потрошени за прославата на независноста, Мицкоски да објави каде завршиле парите

    СДСМ: Граѓаните не се талог, власта мора да одговара пред народот

    СДСМ: Граѓаните не се талог, власта мора да одговара пред народот

    ВМРО-ДПМНЕ со порака до СДСМ: Ние работиме на развој, тие очајуваат

    ВМРО-ДПМНЕ со порака до СДСМ: Ние работиме на развој, тие очајуваат

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    бугарија македонија муцунски средба
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на „ББ+“ со стабилен изглед

    12/09/2026

    СДСМ прашува: Како има пари за луксуз, а нема за минимална плата од 600 евра?

    12/09/2026

    ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителство да ја истражи исплатата на провизиите за железницата на Коридорот 8

    12/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.