Гори дива депонија во скопското Визбегово, а нашата екипа е на терен и го забележа моментот кога пристигнаа пожарникарите и започнаа со гаснење на огнот.
Од видеото може да се забележи густ чад кој се шири во околината, додека противпожарните екипи веднаш пристапија кон локализирање на пожарот. Засега нема информации за причините за избувнувањето на огнот, ниту дали има повредени лица.
Се очекуваат повеќе детали од надлежните служби откако ќе заврши интервенцијата.
Видеото видете го со клик ОВДЕ.

