Масовна акција за расчистување на диви депонии од утрово се спроведува на територијата на општина Кисела Вода. Во акција вклучена е механизација составена од 11 скипови, 2 багери и 25 камиони со кои се расчистуваат повеќе од десет критични точки.
На терен интензивно работат сезонските работници ангажирани од Општина Кисела Вода, а во координација со екипите на јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“. Значајна поддршка дадоа и повеќе општествено одговорни компании кои ја отстапија својата механизација.
– Отстрануваме огромни количини отпад кој ја загадува почвата и природата во Припор, во Драчево, кај Теферич, кај Охис, кај селото Аџево и на низа други локации – рече градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
