Денес се одбележуваат 14 години од петкратното убиство кај Смилковското езеро, едно од најтешките злосторства во поновата македонска историја. Претставници на Општина Гази Баба денес положија цвеќе и запалија свеќи на местото на трагедијата, информира градоначалникот Бобан Стефковски.
На 12 април 2012 година беа убиени Филип Славковски (18), Александар Наќевски (18), Цветанчо Ацковски (19), Кире Тричковски (20) и Борче Стевковски (45).
Настанот предизвика силен шок и длабока тага во јавноста, а случајот и денес останува една од најболните теми во општеството. На местото на трагедијата е изградена црквата „Св. 40 Маченици“, како траен спомен и потсетник на изгубените животи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
