Надлежните од Град Скопје започнаа активности за уредување на Водно. Се уредува зеленилото, патеките и урбаната опрема.
„Издаден е налог до ЈП ‘Паркови и зеленило’ за целосна реконструкција на урбаната опрема – клупи, канти, мостчиња и патеки”, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Оваа активност е за пофалба. Конечно се почнува со средување и обновување на постојните содржини на Водно, што беа заборавени од неговата претходнишка Данела Арсовска.
Но Водно одамна не е само место што треба да се одржува – туку тоа е простор што бара и нови содржини. Скопје има потреба од уредени
пешачки и велосипедски патеки, нови видиковци, спортски зони и места зарекреација кои ќе го направат Водно вистински градски бел дроб. Потребни
се и повеќе содржини за семејства, туристи и млади – од еко-зони до организирани активности и настани. На Водно му треба и дополнително пошумување и да не се заборави му треба и заштита од несовесни граѓани, а секако и од градежни инвеститори кои сакаат да го претворат во бетон.
Водно има потенцијал да стане вистинска атракција, но тоа бара континуирана грижа и визија. Сега почнатото средување е добар старт, но без нови содржини ќе остане само половично решение.
