Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи објави дека започнала пролетна генералка на Скопје и дека екипите на „Комунална хигиена“ интензивно ги чистат улиците и го отстрануваат отпадот, вклучително и оној што, за жал, е оставен од несовесни поединци.
Според објавата на Ѓорѓиевски, „Водовод и канализација“ ги перат улиците и јавните површини, „Паркови и зеленило“ се грижат за уредување и косење на зелените површини, додека „Улици и патишта“ поставуваат метални столпчиња со кои се става крај на узурпацијата на тротоарите и јавниот простор.
Тој упати и апел до скопјани да не се фрла отпад каде што не му е местото, да не се уништува и да не се узурпира јавниот простор.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
