Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска информираше дека денес извршила увид во градежните активности во населбата Пинтија, каде целосната реконструкција на објектот на месната заедница влегува во својата завршна фаза.
Објектот, кој подолг период беше во лоша состојба, наскоро ќе го добие својот нов, современ лик, напиша градоначалничката на Фејсбук и додаде дека за жителите на Пинтија, оваа реконструкција значи обезбедување на достоинствени услови за работа и меѓусебна комуникација.
„Наскоро тие ќе имаат на располагање репрезентативен простор од каде ќе можат директно да ги изразат своите потреби, да покренуваат локални иницијативи и активно да се вклучат во одлуките за својата населба“, истакна таа.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
