Договор вреден околу 3,3 милиони евра е склучен меѓу Општина Ѓорче Петров и компанијата „Солар солушнс 2022″ за поставување фотоволтаични системи на јавни општински објекти, претежно училишта.
Проектот се реализира преку јавно-приватно партнерство и опфаќа финансирање, инсталација, управување и одржување на соларни електрани на покривите на објектите.
Целта е зголемување на енергетската ефикасност и намалување на трошоците за електрична енергија, како и користење обновливи извори на енергија во јавниот сектор.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
