Екипи на секторот за инспекциски работи на Гази Баба утрово урнаа дивоградба во населбата Керамидница, изградена на државно земјиште.
Градоначалникот Бобан Стефковски порача дека институциите нема да прават компромиси кога станува збор за бесправното градење. Тој нагласи дека во изминатиот период биле реализирани повеќе акции за отстранување на дивоградби во различни населени места низ општината, додавајќи дека станува збор за континуирана стратегија за заштита на јавните површини и обезбедување планска изградба.
Од општината најавуваат дека ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период, со цел спречување на узурпација на државно земјиште и воспоставување ред во просторот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
