Екипите на „Комунална хигиена – Скопје“ денеска отстраниле дива депонија лоцирана на улицата „Лихнида“ во скопската општина Ѓорче Петров. Во рамките на реализираните активности на посочената локација биле подигнати и транспортирани приближно 30 кубни метри кабаст, градежен и градинарски отпад одложени на јавна површина.
„Од почетокот на овој месец, расчистивме вкупно 1.260 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје. Најголемо количество непрописно одложен отпад се отстранети во општината Карпош,“ соопштија од претпријатието.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
