Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска сподели дека започнала реконструкцијата на пристапниот пат кон гробиштата Камник, оценувајќи го како проект што предолго се чекал.
Со овој проект, како што вели тој, се воспоставува кружен тек со влез од улицата Јужноморавски бригади и излез кон Сингелиќ кај Клакер. Решение што значи поголема проточност, помал метеж и безбедно движење за сите учесници во сообраќајот.
Паралелно, објасни Стефковски, општина е во постојана комуникација со АД Бутел и во тек е подготовка на урбанистичко-планска документација која ќе овозможи проширување на гробиштата и изградба на капела.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
